Абитебул: Поефтино е да ги промениме патеките одошто правилата

Сирил Абитебул смета дека Формула 1 треба да размисли да ги промени карактеристиките на патеките каде се одржуваат трките, а не константно да ги ревидираат правилата.

Спортот ќе добие целосно нови правила од 2021 година, но се чини дека секоја година се случува нешто во однос на правилата кои константно се менуваат. Годинава предните крила и страничните крила претрпеа најголеми промени со цел да се олесни следењето и зголеми претекнувањето на трките.

една работа која сметам дека треба повеќе да ја правиме е инженерингот на патеките. преферирам помалку инженеринг во техничките правила и повеќе инженеринг во карактеристиките на патеките. наместо инвестирање во 20 болиди кои се различни секоја година, би променил можда неколку кривини на иста патека кои би чинеле помалку и би се добила драстично поголема ефикасност.

знам дека во виетнам е вложено многу труд, но тоа е нешто што треба да биде прифатено како општо правило за доброто на формула 1 – посакува абитебул.

Тој откри дека неодамна инженери на компанијата испитувале и проучувале што може да се направи на Пол Рикар по здодевното овогодинп издание на Француското Гранд При.

да дадам пример затоа што француското гранд при е многу важно за нас. имаше големи критики по овогодишната трка затоа што беше здодевна, ние се обидовме да ја направиме интересна кон крајот, но бевме казнети поради тоа.

направивме симулации со алтернативни конфигурации за да видиме дали трката би била поинтересна. сакам да има повеќе предлози од инженерите на екипите за некои решенија за подобрување на патеките.

ако 10 екипи соработуваат на подобрување на патеките, сигурно дека ќе имаме фантастични резултати и за тоа не треба да ја чекаме 2021 година, можеме да го правиме уште следната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ