Абитебул свесен дека Канада не смее да ги занесе

Сирил Абитебул е свесен дека не смее “да летнат во облаци“ по одличниот резултат кој Рено го имаше во Канада, а во пресрет на својата домашна трка на Пол Рикар.

Француската фабричка екипа на 7та трка оваа сезона го забележа својто прв двоен пласман во поени по што се искачи на 5то место во поредокот со само 2 поени негатива во однос на своите муштерии од Мекларен. Во исто време, тие се решени да се надоградат на домашната трка со аеродинамички новини најавени на нивната шасија.

одиме во франција по силниот резултат за тимот во канада. демонстриравме дека сме способни да се вратиме во игра по разочарувачки старт од сезоната. викендот беше добар, а Даниел и Нико извозеа силнно како на квалификациите, така и на трката. резултатот и начинот на кој стигнавме до него треба да ни даде верба и мотивација да притискаме низ периодот кој следи, период во кој ќе се бара многу од нас со пет трки пред почетокот на летната пауза.

секако дека франција е многу важна трка за нас, не само што ни е домашно гранд при на ле кастеле, туку и можност да покажеме конкурентност и подобрување. канада беше патека која бара моќ од моторот, а по придобивките на страната на агрегатот, во франција ќе донесеме неколку новини и подобрувања на шасијата.

едно е јасно, успехот од монтреал не смее да не занесе и целиме кон повторување на тој резултат и дополнително намалување на заостатокот зад водечките – најави абитебул.

Резултатот на французите во Канада беше силен благодарение и на фактот што по проблемите во Бахреин, овој пат можеле својот агрегат да го возат на повисоко ниво, а одговорниот за моторите во Вири, Реми Тафин, откри дека перформансите на моторот се подобрени по Шпанија.

во монтреал моторот е многу важен затоа што патеката има долги правци, а ние сме задоволни со тоа што го добивме од него. за прв пат сезонава целиот пакет работеше без проблеми во текот на тркачкиот викенд.

тоа што сега треба е да го повториме изданието и во франција, нашата домашна трка и да испорачаме силен резултат.

нашата сезона почлнува сега, но имаме многу тешка работа, сакаме да дојдеме до 4то место и поблиску до оние од топ 3.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ