Абитебул смета дека борбата со Мекларен е чудна

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, призна дека борбата на француската фабричка екипа со својот единствен муштерија за 4то место во поредокот е многу чудна.

Даниел Рикардо и Нико хулкенберг финишираа на 4то и 5то место последната трка во Монца по што тимот се доближи на 18 поени до Мекларен на 7 трки пред крајот на сезоната. Сирил верува дека неговата екипа има подобар пакет и ќе може да ги стигне “портокаловите“.

ситуацијата е по малку чудно, но јасно е дека преродбата во мекларен е поради комбинација од неколку работи меѓу кои секако е и моторот. мислам дека во одредени услови имаат подобра шасија од нашата, но како пакет нашиот е подобар.

мислам дека карактеристиките на патеките до крајот на сезоната ќе одредат кој ќе биде во можност да искористи повеќе. наша цел беше 4то место, така и останува. изгледа дека задачата е тешка, но може да се стигне и тоа е нашиот фокус.

притисокот не се намалува и штом не сте ја оствариле целта притисокот постои, но сигурен сум дека така е кај сите во гридот, во спротивно нема да се тр тркаме во формула 1.

убаво е да се има цели кои е предизвикувачки да се постигнат затоа што тоа не држи напнати. целите треба да бидат реални, така беше и за оваа сезона, а 4то место е реално. треба да продолжиме со работа и да продолжиме да испорачуваме – смета абитебул.

Тимскиот шеф е свесен дека последните две патеки одговарале на РС19 болидот од Енстон, повеќе одошто тоа било случај со болидот на Мекларен, но во исто време знае дека следните патеки може да не бидат такви.

искрено животот не се менува, силните и слабите страни на болидот не се променети и знаеме дека од следните трки можеме да очекуваме добри, но и лоши работи.

имаше неколку патеки на кои можевме да стигнеме до силен резултат, но тоа не се случи и мислам дека е фер што во монца ни се случи. се сеќаваме на бахреин и монтреал кога можеше да биде подобро, а посилни можевме да бидеме и во спа.

во монца тргна како што ние сакавме, ништо екстерно не ни помогна, освен можеби извртувањето на фетел и неговата казна, но болидот беше силен и заслуживме добар резултат. задоволен сум и се надевам дека тој моментум ќе се пренесе во фабриката и ќе се отслика на подобрување на болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ