Абитебул смета дека од стартот погрешиле со моторот

Сирил Абитебул, првиот човек на Рено, прзна дека францускиот производител погрешил со својот мотор од почетокот на актуелната В6 турбо хибридна ера.

Французите сеуште се обидуваат да ја стигнат конкуренцијата со својот агрегат, годинава е направен голем напредок, во тимот е донесен Даниел Рикардо, а освен моторот, фокусот е ставен и врз подобрување на шасијата.

Во 2014 година кога беше и почетокот на тековната ера, Рено снабдуваше само мотори и тоа двете екипи на Ред Бул, Лотус и Катерхам. Тогашен шеф на катерхам беше токкму Абитебул, кој дојде во Рено од “зелената“ екипа.

на почетокот од 2014 година грешките се нижеа една по друга. самиот јас бев муштерија на рено и можам да ви кажам дека многу заостануваа во разбирање на концептот и развојот на моторот – откри сирил.

Тој замина од рено во втората половина од 2012 година откако почувствувал дека французите се движат во погрешна насока со развојот.

не инвестиравме доволно и не вработувавме луѓе на време. бевме фиксирани на тогашниот в8 агрегат што едноставно заборавивме на иднината. тоа беше многу погрешен пристап.

По авантурата во Катерхам тој се врати во Рено каде застана на чело на проектот, а на крајот на 2015 година французите го купија Лотус и од следната година се присутни со фабричка екипа во врвот на моторспортот. Тогаш почна и нивниот лош период на соработка со Ред Бул.

до одреден степен ги разбирав нивните фрустрации затоа што дотогаш беа навикнати на успех кој пвоеќе го немаа, но критиките преку медиумите не носат ништо позитивно.

на крајот се дојде до точка кога само критикување на нашиот производ и нашиот бренд беше премногу за нас и моравме да се разделиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ