Абитебул: Целите на Хаас не му одговараа на Хулкенберг

Нико Хулкенберг ги одбил Хаас бидејќи сака да вози за тим со повеќе потенцијал, откри шефот на Рено, Сирил Абитебул откако реши да го замени Хулкенберг со Окон во неговиот тим.

Германецот беше поврзуван со премин во Хаас, но не беше јасно зошто преговорите пропаднале.

Треба да се види во кој стадиум е кариерата на Нико. Тој не е човек кој сака да биде во Формула 1 само за да вози во Формула 1. За него Формула 1 е амбиција, а не само работа.

ТОј има високи цели како тие што ги има нашиот тим. Тој е професионалец и доста искусен и разбира дека не може да стигне далеку со Хаас. Не би сакал да ги понижам Хаас, но тој сака многу високи резултати. Тој е пример за амбиција во спортот – смета сирил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ