Абу Даби: Ботас победник во попладневната дремка

Валтери Ботас стигна до својата 3та победа во кариерата и 3та победа оваа сезона на Големата награда на Абу Даби кој по возбудувањата многу повеќе личеше на попладневна дремка отколку на Формула 1 трка. Во исто време, ова беше 12та победа за Мерцедес оваа сезона, нивна 76та во историјата, а 40тоа во доминантен 1-2 стил.

Луис Хамилтон финишираше на 2ро место во својот 117ти подиум, а Ветел беше трети за својот 99ти подиум. Следуваа Раиконен и Верстапен, Хулкенберг со 6то место им донесе 6то место кај конструкторите на Рено, Форс Индија повторно со двоен пласман во поени, а за разлика од Бразил, овојпат Алонсо беше пред Маса за последните две позиции кои носат бодови.

Стартот речиси и да немаше возбудувања, а првиот круг заврши исто како што завршија и вчерашните квалификации. Кевин Магнусен имаше извртување и излетување во првиот дел од патеката.

Нико Хулкенберг се бореше со Перез и да ја зачува својата позиција пресече една кривина и се здоби со предноста. Поради тоа, доби и казна од 5 секунди којa му беше изречена во 4от круг.

Првиот дел од трката мина во знакот на одличната борба Ленс Строл против Роман Гросжан кои навистина машки се тркаа иако се бореа за 13то место. Во 12от круг  французинот успеа да мине, а веднаш потоа Строл влезе во бокс откако непрекинато се жалеше на грипот во задниот дел од болидот.

Најинтересниот момент беа влегувањата во бокс. Во 15оот круг промени Верстапен, а следниот круг и Раиконен за да “го покрие“ холанѓанецот и да ја заштити својата позиција.

Кругот број 20 беше моментот кога Даниел Рикардо стави свежи гуми, а следниот круг и Ветел за да ја зачува својата позиција. Но, по излегувањето од боксот, Рикардо се пожали на проблеми со хидрауликата и тоа беше крај на неговата трка додека се возеше на одличното 7мо место.

Со незавршената трка на Рикардо и 4то место и 12те поени на Раиконен, Даниел го загуби 4то место во возачкиот поредок иако во пресрет на трката имаше 200 поени и 7 повеќе од финецот Раиконен на Ферари.

Кругот број 22 и кругот број 24 беа моментот кога променија гуми најпрво Ботас, а потоа и Хамилтон.

Овој дел од трката мина во знакот на борбата за поени помеѓу Фелипе Маса на Вилијамс, Фернандо Алонсо со Мекларен и Карлос Саинз и своето Рено. Нандо во 22от круг промени гуми, а Маса следниот го направи истото за да го покрие, но при излегувањето, шпанецот имаше позагреани пневматици, нападна и му ја превзеде позицијата. Ова беше “реванш“ за Алонсо откако цела трка во Бразил се мачеше да го помине Фелипе.

Карлос Саинз се реши да промени гуми во 33от круг и да придонесе со некој поен за Рено со долга прва серија. Но, механичарите не му го зацврстија добро предното лево тркало и за малку тој ќе завршеше во ѕид уште при излегувањето од бокс.

Луис Хамилтон е шампион со 363 поени 363 поени, 46 повеќе од Себастијан Ветел кој пак има предност од 12 пред Валтери Ботас. Кими Раиконен заврши на 4то место со 5 поени предност пред Даниел Рикардо. Макс Верстапен е на 6то место со 32 поени негатива во однос на тимскиот колега, а 68 позитива пред Перез кој финишираше 13 поени пред Окон. Тандемот на Рено, Саинз и Хулкенберг завршија на 9то и 10то место, пред тандемот на Вилијамс каде Маса имаше само 3 поени повеќе од дебитантот Строл. Гросжан е 13ти со 28 поени, 9 повеќе од тимскиот колега, а на 15то и 16то место се Алонсо и Вандорн со 17 односно 13 поен. Џулион Палмер е 17ти со 8 освоени поени пред Паскал Верлејн и Даниил Квјат со по 7, а Маркус Ериксон, Пјер Гасли, Антонио Џовинаци и Брендон Хартли се четворицата со пласман на крајот од трка, но без поени.

Кај конструкторите, Мерцедес заврши со 668 поени односно 146 повеќе од Скудерија Ферари на второ место. Трети се Ред Бул со 154 поени заостаток зад италијанците, а Форс Индија се 4ти. Вилијамс финишираа како 5ти со 83 поени, Рено се палсираа на 6то место со 57 поени, 4 повеќе од Торо Росо, а 10 повеќе од Хаас. На 9то место се Мекларен со 30 поени, а последни се Заубер со само 5 освоени.

Драги читатели, ви благодариме што не следевте оваа сезона.

[table id=41 /]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ