Абу Даби: Луис Хамилтон заврши со стил

Луис Хамилтон со својата 73та победа во кариерата ја заврши Формула 1 сезоната во стил, со 11 победи во една година.

Воедно, британецот стана единствен со 4 поени во Абу Даби, носејќи ја 87та победа на Мерцедес и 5та за Мерцедес на Јас Марина. Во однос на подиумите, Луис стигна до својот 134ти, а Мерцедес до нивниот 179ти.

Себастијан Фетел мина Мерцедес на патеката и финишираше на 2ро место за својот 111ти подиум односно 7ми во Абу Даби. Денешната трка го донесе 751от подиум за Скудерија во нивната непрекината Формула 1 историја.

Макс Верстапен стигна до најниското место на подиумот доаѓајќи до својот 22ри пиедестал и први во Абу Даби, но 5ти последователен оваа сезона.

Стартот не донесе возбудувања за водечката петорка, на Верстапен тргна бавно и од своето 6то, падна четири позиции на 10то место. Но, она што донесе возбуда се случи пред него, дуелот Роман Гросжан од Хаас и Нико Хулкенберг со Рено  кои борејќи се за 7мо мест, имаа контакт по што германецот се изврте неколку пати во воздухот и заврши во оградата. Немаше никакви последици, но штета што најдобриот од останатите ја заврши трката на овој начин. По Големата награда на Шпанија, Абу Даби беше второ откажување во првииот круг на Хулк. Ова го донесе Безбедносното возило на патеката, правило кое важеше се до 5от круг.

Шарл Леклер беше одличен во првиот круг успевајќи да го мине Даниел Рикардо пред инцидентот и да се позиционира на 4то место.

Рестартот донесе одлична борба за осмо место помеѓу двата болиди на Форс Индија, возени од Серхио Перез и Естебан Окон со Макс Верстапен, возачот на Ред Бул. На крај од тој дуел, Макс профитираше и ги остави “розевите“ зад себе.

Истиот тој 6ти круг беше и моментот кога Шарл Леклер го мина Кими Раиконен во кругот во кој финецот имаше полни раце работа со управувачот барајќи начин да “го оправи“ свето Ферари. Сепак, не најде и мораше да се паркира на стартно целнтата рамнина и на сцена да стапи Виртуелното безбедносно возило. За Кими ова беше 4то откажување оваа сезона.

Луис Хамилтон се реши да промени на суперсофт многу рано, уште во 7от круг, користејќи го ВБВ правилото и загуби многу малку, излегувајќи зад двата болиди на Ред Бул, кои веднаш се обиде да ги мине, но не успеа.

Заедно со британецот менуваа и Шарл Леклер и Роман Гросжан кои се возеа во топ 10. Идниот возач на Ферари излезе на 14то место, а французинот последен.

Кругот број 16 беше моментот кога за нови гуми се реши Себастијан Фетел, а по него истото го стори и Валтери Ботас, обајцата се вратија на црвените суперсофт. Себ се врати зад Окон од Форс Индија, но успеа експресно да го мине. Макс Верстапен менуваше по Ботас, но тој промени од хиперсофт.

Кругот број 26 беше моментот кога Маркус Ериксон се паркираше крај патеката и се откажа како втор болид со Ферари мотор кој има проблеми во Абу Даби. Истиот круг, Шарл Леклер го мина Фернано Алонсо за 9то место.

Даниел Рикардо со своите ултрасофт возеше се до 34от круг кога промени и излезе зад Верстапен.

Следуваше момент во кој главна улога имаше Валтери Ботас. Финецот во 35от круг целосно “го утнаа“ 5от свиок и беше лесен плен за Фетел кој му го превзема 2то место, погреши и следниот круг и им дозволи на Ред Бул да се доближат. Верстапен го мина Валтери во 38от, а Рикардо во 39от круг, по што Ботас беше повикан во бокс по нови ултрасофт.

Следуваа две откажувања пред крајот, во 46от круг Естебан Окон застана неподвижен пред боксовите, а два кругови подоцна и Пјер Гасли чиј мотор не издржа.

На трката Естебан Окон и Фернандо Алонсо добија казни од по 5 секунди поради скратување на патеката и стекнување со предност на тој начин.

Најдобар од останатите на оваа трка беше Карлос Саинз, а по него финишираше Шарл Леклер кој успеа да го задржи Чеко Перез Зад себе. Последните две места кои носат поени беа за возачит на Хаас, Гросжан пред Магнусен.

Хамилтон и Фетел од поодамна си го обезбедија своето место во поредокот, а и Кими Раиконен беше тешко достижен, но Макс Верстапен на последната трка го мина Валтери Ботас за 4то место на крајот со преднот од 2 поени. Рикардо финишираше како 6ти, а Нико Хулкенберг е најдобар од останатите. Чеко Перез 8ми, Кевин Магнусен зад него, а Карлос Саинз последен во топ 10. Фернандо Алонсо со 50 поени и 11то место во поредокот се пензионира, а Шарл Леклер на последната трка го мина Роман Гросжан во поредокот. Кај тимовите, поредокот остана исти како пред трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ