Абу Даби: Розберг е новиот Формула 1 шампион

Подиумот број 57 во кариерата беше доволен на Нико Розберг да му ја донесе светската Формула 1 титула со што германецот го повтори успехот на својот татко Кеке розберг и стана 33от Формула 1 првак во историјата. Честитки.

niko_donuts_abudabi

На последната трка во сезоната победи Луис Хамилтон, што беше 10та победа за него оваа сезона, 53та во кариерата и 65та за Мерцедес. Второто место припадна на новиот првак, додека на 3то место со феноменална последна серија извозена на суперсофт пристигна Себастијан Ветел. Трката беше возбудлива, а истото го режираше Хамилтон кој глумеше дека нема темпо, забавувајќи го Розберг и надевајќи се дека Ферари и Ред Бул ќе имаат брзина.

Лошите квалификации го чинеа Макс проблеми уште на самиот почеток. Холанѓанецот беше во гужва и на излезот од првиот свиок се допре со Нико хулкенберг извртвајќи го болидот за 180 степени и продолжувајќи од последното место. Верстапен веднаш се жалеше дека немал место да мине, но Хул остави многу повеќе од доволно, а Макс повторно се прецени себе си. Само 7 кругови му беа потребни на возачот на Ред Бул да мине неколку болиди и да дојде до 10то место.

vers_haas_abudabi

Кругот број 5 беше кобен за Кевин Магнусен кој во првиот круг влезе во бокс по нов нос, но веќе во 5от Рено заклучија дека болидот е небезбеден и данецот својата последна трка за тимот треба да ја заврши по само 5 кругови.

Следниот круг беше крај за Валтери Ботас затоа што неговиот Вилијамс танцуваше по патеката лево-десно. Најверојатно проблемите со суспензиајта доведоа до тоа финецот да биде повикан во пит со образложение дека нема да се откаже туку само ќе се направат поправки. Но по неколку кругови тој излезе од болидот и тоа беше неславен крај за него оваа сезона.

Првата серија влегувања во бокс започнаа уште во 7от круг кога Луис Хамилтон и Кими Раиконен се решија своите ултрасофт да ги променат во софт. Следниот круг истото го направија и Розберг и Ветел, а Ред Бул побрзаа да ги покријат и иако имаа потврда суперсофт на нивните болиди, сепак Рикардо промени во 9от круг. По првата промена на гуми, Хамилтон поведе пред Верстапен, а потоа беше Розберг.

Кругот број 12 значеше збогување со една легенда, Светскиот шампион од 2009 година, Џенсон Батон. Британецот се бореше со Серхио Перез за 8 мо место, а во таа борба, незгодно мина низ еден тротоар и ја скрши суспензијата на предното десно тркало. Тоа беше крај на неговата трка, се врати во боксот и во добро расположение прослави со својата екипа и семејството.

baton_out_abudabi

По 4 кругови, поточно во 16от круг, крај на трката паркирајќи се крај патеката имаше и Даниил Квјат. Во овој тркачки викенд немаше ама апслоутно ништо позитивно за тимот од Фаенца.

kvjat_tocak_abudabi

Во 19от круг имаше возбудувања. Даниел Рикардо со својот Ред Бул проба да го мине Кими Раиконен за 4то место. Откако финецот ги одби неговите напади, австралијнаецот загуби време и се доближи до Ветел кој беше зад него, но германецот немаше брзина да го мине, иако се обиде во неколку од следните кривини.

Откако Мерцедес му сугерираа на Нико Розберг дека мора да нападне, кругот број 20 и ДРС зоната беше местото каде тој со феноменален потег го мина Макс Верстапен, не оставајќи му ни трошка можност да се одбрани. Нико дојде зад Луис и мудро го следеше до крајот на трката.

По извозени 23 кругови на суперсофт во бокс влезе и Макс Верстапен кој во тие моменти беше на 3то место и почна да губи доста време жалејќи се на задните пневматици. Ред Бул му смени во софт и тогаш стана јасно дека холанѓанецот ќе оди со едно застанување до крајот на трката.

Во 25от круг нови софт стави Рикардо, следниот круг тоа го направи и Раиконен, во 28от промени Хамилтон, а во 29от Розберг. По оваа серија боксови тркатај ја поведе Себастијан Ветел кој беше лидер се до неговото влегување во бокс во 38от круг кога Ферари се одлучи за суперсофт.

Серхио Перез беше нападнат во 26от и 27от круг од Верстапен и рикардо и од 8мо падна на 10то место во нецели два кругови. Мексиканецот ја заврши трката на 8то место, откако два болиди пред него влегоа во бокс.

Слично нешто му се случи и на Фернандо Алонсо кој падна од 7мо на 9то место во 33от и 34от круг кога беше минат од Хулкенберг и Перез од Форс Индија. Шпанецот финишираше на 10то место, веднаш зад Фелипе Маса кој освои два поени на своето збогување.

40от круг беше моментот кога Маркус Ериксон од Заубер за прв пат влезе во бокс да ги промени своите софт пневматици. Швеѓанецот заврши како 15ти веднаш пред својот тимски колега.

Како што рековме, Ферари му вгради суперсофт на Ветел во 38от круг, а потоа германецот имаше неверојатно темпо. Во 41от круг го мина Раиконен, а 5 кругови подоцна во ДРС зоната го прелета и Рикардо. Во 51от круг жртва беше и Верстапен кој остана зачуден од каде мина Ветел и немаше никакви шанси да се одбрани.

vetel_rikardo_abudabi

Во 42от круг Палмер и Саинз имаа судар по кој шпанецот се откажа, а стјуардите треба да се изјаснат по трката.

Нико ја освои титулата со 5 поени предност пред тимскиот колега, Рикардо од пред некоја трка си го загарантира 3то место, Ветел дојде до 4то пред Верстапен и Раиконен. Возачите на Форс Индија, Перез и хулкенберг беа 7ми односно 9ти и во сендвич го ставија Валтери ботас. Алонсо ја заврши сезоната на 10то место со поен предност пред Маса.

[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/rezultati-2016-21-abudabi.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ