Абу Даби: Триумфален крај за Нико Розберг

Нико Розберг триумфално ја заврши сезоната 2015 во Формула 1. 3та победа во низа, 6та оваа година, а 14та во кариерата со која се изедначува со Хил, Брабам и Фитипалди. Нов рекорд на 32 подиуми во сезона за Мерцедес, 45та победа вкупно и 28ма 1-2 победа за “сребрената стрела“. Кими Раиконен го освојува 4то место во шампионатот со својот 80ти подиум во кариерата.

start_abudabi

Стартот не беше посебно возбудлив што се однесува до предниот дел на колоната. Нико тргна силно, Луис заостана и само за момент наликуваше дека ќе биде помиат од Кими, но тоа не се случи. Перез од 4то место исто така добро тргна, но првиот свиок помина како што завршија квалификациите во сабота.

start_crash_abudabi

Сепак, на опшаката се случи инцидент. На првиот свиок, Мекларенот на Фернандо Алонсо имаше мал контакт со Зауберот на Фелипе Наср. Шпанецот загуби контрола и “се заби“ во Пастор Малдонадо, по што Лотусот мораше тука да ја заврши трката. Фернандо ги посети механичарите на крајот на кругот, промени предно крило, но доби и казна со поминување преку боксот поради инцидентот.

На крајот на 1от круг, внимателното возење и избегнување инциденти веќе го донесе Себастијан Ветел на 12то место, иако стартуваше како 15ти.

Во 6от круг имаше возбудување во борбата за 5то место, кога Даниел Рикардо го поврати она што Нико Хулкенберг му го одзема на стартот, а веднаш потоа влезе во бокс. Ред Бул први се решија на промена на супер меките гумите со мекта, жолта компонента.

Кругот број 9 донесе возбудувања во вид на судир во боксот. Валтери Ботас менуваше пневматици, но беше пуштен прерано на патеката при што имаше контакт со Џесон Батон. Батон смени гуми и тоа што беше оштетено, но Ботас мораше да мине цел круг и повторно да се врати и да го смени предниот оштетен спојлер. Невнимателноста на механичарите на Вилијамс го чинеа Валтери 5 секунди казна.

Кими аиконен во 11от круг ги почна менувањето на пневматиците кај водечката 3ка, при што откако се врати на стазата, беше 4ти зад Себастијан Ветел. Следните два круга променија и Мерцедесите, а Себ се најде на 2ро место, но брзо беше минат од Хамилтон кој беше на нови гуми. Во 16от круг, Ветел го пропушти својот тимски колега кој во тие моменти беше побрз.

vet_ham_abudabi

Во 19от круг, Верстапен го мина Сајнз за 11то место, но во 35от круг, холанѓанецот му ја врати позицијата.

max_sainz_abudabi

Првиот стинт на Себастијан Ветел траеше дури 24 кругови, кога Ферарито влезе во пит повторно по меки гуми, а истиот круг истото по прв пат го стори и Роман Гросжан, кој поради промена на менувал стартуваше од 19та позиција.

vetel_1box_abudabi

2то влегување во бокс на Нико розберг беше во 31от круг, а 2 кругови потоа влезе и Кими Раиконен. Во тие моменти на чело на трката беше Луис Хамилтон, кој го продолжи својот стинт за 10тина кругови и сакаше на тој начин да го мине Розберг. Влезе во пит во 41от круг, но не успеа да го мине Нико.

vetel_2box_abudabi

Кругот број 40 беше моментот кога Ветел по втор пат влезе во бокс, но овојпат по супер меки пневматици и излезе на 6то место. Круг подоцна лесно го мина Даниел Рикардо за 5то место, а во 45от круг го пројде и Серхио Перез за да го освои 4то место на крајот на трката.

vetel-perez-abudabi-trka

Храбро пртекнување во 47от круг имаше Макс Верстапен, но доби кана од 5 секунди поради тоа што ја напушти патеката и потоа не ја врати позицијата на Џенсон Батон.

Форс Индија имаше одлична трка, 5то и 7мо место и во Абу Даби реално беше 3та најбрза екипа. И Ред Бул заврши во поени со двата болида, Даниел Рикардо пристигна како 6ти, а по многу проблеми, Квјат заврши како 10ти. 8то место го освои Фелипе Маса, а последната трка за Лотус со 2 поени ја заврши Роман Гросжан.

По 6 трки во пени, Мак Верстапен заврши на 16то место, а неговиот тимски колега Карлос Сајнз беше 11ти. Мкларените беа на 12то и 17то место.

rozberg-mercedes-abudabi

Како за последна трка во сезоната, по крајот, многумина од возачите се решија да прават “крофни“ потпишувајќи се на асфалтот во Јас Марина.

abudabi-rezultati-trka

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ