Абу Даби ќе биде домаќин на аукција на Ф1 болиди

Една од најголемите аукции на формула 1 болиди ќе се случи за време на Големата награда на Абу Даби откако Формула 1 постигна договор за соработка со реномираната аукциска куќа RM Sotherby’s.

На продажба ќе бидат понудени повеќе од 50 болиди вклучително и Формула 1 примероци како дополнителен дел на аукцијата на спортски автомобили и класични возила. Настанот ќе се одржи на 30 Ноември како прв настан на RM Sotherby’s на Средниот Исток.

Партнерството беше објавено во Бахреин од страна на комерцијалниот шеф на спортот, Шон Брачес кој уште објави дека се работи за долгогодишен договор.

продолжуваме да се обидуваме да ги вклучиме фановите во спортот на различни начини и ова беше природно продолжување на нашите напори.

шансата да се работи со RM Sotherby’s е совршен брак за да се покаже убавината на класичните автомобили крај најнапредните технолошки формула 1 примероци на планетата.

обожавателите на трки ќе имаат можност да видат фантастични примероци од близу за време на тркачкиот викенд во абу даби – појасни брачес.

RM Sotherby’s е најголема аукциска куќа во светот кога се однесува за продажба на уникатни возила и тие на овој начин сакаат да ја прослават 40-годишнината од своето постоење.

формула 1 е еден од најпрестижните спортски брендови на денешницата во светот и одлично е што сме поврзани со таков бренд како одличен начин да ја прославиме нашата годишнина.

аукцијаа ќе вклучи формула 1 болиди и некои модерни спортски автомобили како на пример ферари ф40 кој и во бахреин го имаме изложен во падокот, како и класични автомобили од 1960-тите години, поршеа и астон мартини.

формула 1 е околу автомобилите, но и околу емоциите, така што ова е нов начин за одлично искуство за фановите во абу даби – изјавуваат од аукциската куќа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ