Австралија доби датум: Следната сезона почнува на 15 Март

Формула 1 сезона 2020 година ќе почне со Големата награда на Австралија на 15 Март.

Следното издание на Австралиското Гранд При ќе биде јубилејно затоа што ќе биде 25та годишнина од селењето на трката од Аделаид во Мелбун, но и почеток на прослава за 70-годишнината на Формула 1.

задоволни сме што ќе објавиме дека како што тоа е случај многу години до сега, следниот формула 1 шампионат ќе почне во мелбурн.

патеката во алберт парк е една од најпопуларните на календарот и ценета од сите кои работат во оваа тркачка серија. ентузијастичкиот прием од тамошните фанови ја прави трката уникатна и посебна.

нема подобро место за почеток на сезоната во 2020 година во која спортот ќе прослави 70 години постоење.

задоволни сме што и ролекс кој е наш глобален партнер многу години по ред, ќе продолжи да биде главен спонзор на австралиското гранд при – потврди главниот извршен директор на формула 1, чејс кери.

Главниот извршен директор на организацијата на трката, Ендру Валкот, дополни:

да се организира 25то австралиско формула 1 гранд при е возбудливо и интересно и како што велеа во 1996 година мелбурн е одлично место за трка.

имаме најголема и најбогата формула 1 програма споредено со било кој друг формула 1 настан во светот и комбинирано со забавата надвор од патеката има по нешто за сите и настанот мора да се искуси во живо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ