Австрија: Верстапен го искористи кошмарот на Мерцедес

По третото место во Канада, второто место во Франција, дојде ред за победа на Макс Верстапен. Победа број 4 за младиот холанѓанец и негов јубилеен 15ти подиум во кариерата. Ред Бул стигнуваат до својата 58ма победа на домашната трка, и 154от подиум во историјата на екипата.

На второ и трето место возачите на Скудерија Ферари за 504ти 2-3 пласман на Скудерија и нивни 737ми подиум. Сосема заслужено, Кими Раиконен со финиш на 2ро место за својот 94ти подиум, а Себастијан Ветел зад него за 104ти подиум.

Ред Бул Ринг ни приреди фантастичен спектакл во кој двата болиди на Мерцедес се откажаа поради технички проблеми, двата болиди на Ред Бул го превзедоа водството, на крајот Макс победи со двата болиди на Ферари беа зад него, следуваат двата болиди на Хаас, пред двете Форс Индии, но и феноменален двоен пласман во поени на Заубер.

Мерцедес победува на оваа патека 4 години по ред, односно од 2014 година и почетокот на тековната турбо хибридна ера.

Стартот на трката веше фантастичен, Раиконен тргна “машки,“ го мина Ботас, а за малку ќе излезеше и пред Хамилтон, беше преширок на втората кривина, така што на правецот пред третиот свиок не беше доволно брз и беше минат од Валтери, но и од Макс Верстапен кој исто така тргна моќно.

Не толку убедлив беше Себастијан Ветел кој падна на 8мо место, но во вториот круг “ги нанижа“ најпрво Кевин Магнусен, а потоа и Роман Гросжан за да се врати на позицијата на која стартуваше, односно на 6то место.

На првата кривина Стофел Вандорн со својот Мекларен имаше дуел со Пјер Гасли од Торо Росо, а предното крило на белгиецот го извлече подебелиот крај. Стофел мораше во бокс уште на крајот на првиот круг, а потоа да ја продолжи трката од последно место.

Вториот круг донесе и прилично долга прошетка крај патеката за Шарл Леклер и неговиот Заубер по што возачот од Монако го имаше само Вандорн зад себе, но на крајот на трката дојде до 9то место и 5ти пласман во поени на последните 6 трки.

Забавениот прв круг покажа и контакт помеѓу Макс и Кими, Ред Бул благо со предното десно тркало го допре задното лево на Раиконен, финецот загуби контрола за момент и тоа било факторот што го забавил и придонел Кими да ја загуби 3та позиција која во тој момент ја држеше.

Првото откажување додје во 12от круг кога од задниот дел на РС18 болидот на Рено имаше густ облак од чад кој потоа премина во пожар. Германецот се паркираше на крајот од стартно целната рамнина.

Два кругови подоцна огромните проблеми на Мерцедес почнаа. На исто место како и хулк пред два круга се паркираше и Валтери Ботас откако претходно преку тимското радио дојави проблем со хидрауличниот притисок односно менувачот по што заглави во 5та брзина и не можеше ништо освен да се откаже. Освојувачот на пол позиција кој во тие моменти се возеше на 2ро место успеа да комплетира само 14 кругови по Ред Бул Ринг каде лани беше победник.

Додека се отстрани болидот на Ботас на сила дојде Вируелното безбедносно возило кое се задржа до 16от круг, а во Ред Бул и Ферари изведоа двојно менување од суперсофт односно ултрасофт на софт. Ветел загуби неколку секунди во тоа менување, влезе 1,5 секунди зад Рикардо, а кога излезе веќе беше 5 секунди зад австралијанецот.

Пет кругови по замената на гуми, Даниел Рикардо беше очигледно побрз од Раиконен и успеа да го мине и да го првземе неговото тогаш 3то место.

Мерцедес не го повикаа Луис на промена при Виртуелното безбедносно возило, а грешката дури му ја признаа и преку тимското радио преку кое неколку пати му се извинија. Хам отиде на долга прва серија на суперсофт, но никако не можеше да направи предност за комотно менување. Влезе по софт во 25от круг, но од прво место падна на 4то место со Себастијан Ветел на 2 секунди зад себе.

Рикардо изгледаше многу убедливо по излегувањето од бокс, но по 8 кругови неговата задна десна гума имаше огромна линија по средината, а неговиот ритам беше бавен, така што во 38от круг австралијанецот беше минат од Раиконен. На крајот на тој круг Дани се реши да влезе по втор пат во бокс и да монтира користени суперсофт, со кои по излегувањето беше многу малку побрз од конкуренцијата.

Во 39от круг Хамилтон беше бавен за Ветел, а германецот го мина на патеката директниот конкурент за титула и му го превзема неговото 3то место откако неколку кругови претходно Хам се жалеше на својто заден десен пневматик, исто како и Рикардо.

Во 52от круг и по многу жалење преку радиото, Хамилтон влезе да промени на суперсофт и излезе во ДРС на Даниел Рикардо.

Во 54от круг нападна на стартно целната рамнина, но Дани не се бранеше затоа што загуби сила од моторот и се паркираше крај патеката на стартно целната рамнина додека се возеше на 4то место.

57от круг беше последен што го комплетираше Брендон Хартли кој тргна од последно место поради целосно нов мотор и до тогаш немаше влезено во бокс и имаше предолга прва серија на софт.

Кругот број 61 беше моментот кога Серхио Перез кој почна многу поназад од Естебан Окон го мина за 6то место, следниот круг Алонсо го презеде последното место кое носи поени од Шарл Леклер.

Круго број 63 беше последен за Луис Хамилтон. На правецот помеѓу 2от и 3от свиок тој го паркираше немоќно својот В09 болид откако се појави механички проблем по што доби наредба да го сопре истиот. Луис освојува поени од Јапонија 2016 година што значи дека ова беше крај на најдолгата серија во поени во Формула 1 историјата од 33 последователни трки.

Во 66от круг Фернандо Алонсо го мина и Пјер Гасли за 9то место откако французинот подолго време се мачеше со гумите, а следниот круг тоа го направија најпрво Шарл Леклер, а потоа и Маркус Ериксон.

Двоецот на Заубер променија позиција со цел Ериксон да добие шанса да го нападне Алонсо, но откако не успеа тоа, го врати 9то место на Шарл, а швеѓанецот заврши на 10то.

Водството на Луис Хамилтон во генералниот поредок траеше само една недела затоа што Ветел повторно се врати на врвот со поен предност. Кими со одличното второ место се искачи на 3то место во поредокот со 44 поени заостаток зад возачот на Мерцедес. Даниел Рикардо е 5 поени зад Раиконен, Верстапен е само 3 зад својот тимски колега, а Ботас е поен зад холанѓанецот. Кевин Магнусен е на фантастичното 7мо место со поен предност пред Фернандо Алонсо, а три поени предност во однос на Нико Хулкенберг. До своите први поени од Јапонија лани дојде и Роман Гросжан, 12 поени кој го вивнаа на 15то место со само поен зад Леклер.

Во конструкторскиот поредок катастрофа за Мерцедес кој го загубија врвот и во моментов се 10 поени зад Скудерија, но 48 пред Ред Бул. Рено останаа на 4то место, а фантастичниот пласман на Хаас ги однесе на 5то место со 49 поени, 5 повеќе од Мекларен, а 7 повеќе од Рено. Торо Росо се 8ми со три поени пред Заубер кои имаат двоен финиш во бодови денеска.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ