Австрија: Луис победник по драма во последниот круг

По драматичен последен круг во кој имаше судар на двата болиди на Мерцедес, Луис Хамилтон стигна до својата 46та победа во кариерата, 3та оваа година и воедно 52ра за Мерцедес. Второто место му припадна на тинејџерот Макс Верстапен за кого ова беше подиум број 2 во кариерата, а последното место на пиедесталот го зазеде Кими Раиконен за кого ова беше 84ти подиум. Интересно, Џенсон Бтон заврши во силни поени со пласман на 6то место, по подолго време во поени се вратија и Хаас со 6то место на Роман Гросжан, но најнеочекуван е поенот на Манор со 10то место на извонредниот Паскал Верлејн.

start_avstrija

Штом болидите се наредија на гридот, евидентно беше дека само болидите на Ферари и Ред Бул од првата 10ка беа на суперсофт компонента, додека останатите ја започнаа трката на најмеката и најнежната ултрасофт гума.

start_avstrija2

Стартот како што беше очекувано беше мешаница, но без никаков инцидент. Нико Хулкенберг беше трагичар и по само еден круг од 2ро падна на 4то место откако беше минат од Џенсон Батон и Кими Раиконен. Нико Розберг ќари една позиција минувајчќи го Даниел Рикардо, а Себастијан Ветел остана зад Макс Верстапен.

Трагичар беше и продолжи да биде Даниил Квјат кај кого механичарите на Торо Росо не завршија добра работа. Откако стартуваше од бокс поради тоа што доби нова шасија, болидот издржа само 3 кругови пред русинот да се паркира крај патеката со механички проблем.

nasr_baton_avstrija

Првите 10 кругови беа ултра интересни што се однесува до борбата на врвот. Во 6от круг Хулкенберг беше минат од Розберг кој дојде на 4то место, а неколку кривини подоцна истото го направи и Верстапен, за круг подоцна Ветел да ги мине Рикардо и Хулкенберг во неколку послдователни кривини. Следен кој почна да паѓа беше Батон. Британецот во 7от круг го изгуби 2то место од Раиконен, следниот круг го загуби 3то од Розберг, а во 9от круг го загуби и 4то од Макс Верстапен.

Следуваш менувањето гуми. Во 9от круг влезе Нико Хулкенберг и промени на суперсофт во надеж дека ќе биде конкурентен додека почне да врне дожд, а круг подоцна промени и Џенсон Батон, но му ги монтираа жолтите софт гуми. Почнаа да влегуваа и водечките. Нико Розберг промени на софт во 11от круг, 4 кругови подоцна со иста стратегиа кај механичарите дојде и Даниел Рикардо, а следниот круг истото беше копирано и од Макс Верстапен. Круго број 22 беше моментот кога Луис Хамилтон не можеше повеќе со своите ултрасофт откако почна да губи доста време и ги замени на софт, а следниот круг истото го стори и Кими Раиконен кој ги замени своите суперсофт со софт.

Во тие моменти водечки беше Себастијан Ветел кој со своите гуми имаше 27 кругови. Неколку метри откако ја мина стартно целната линија за почеток на 27от круг неговиот заден десен пневматик екслодираше, а Ферарито со број 5 се најде во оградата. Набрзо по инцидентот Пирели на Твитер излегоа со соопштение дека дотрајаноста не е причина за екслозијата, туку нечистотиите и остатоци од други болиди го дупнале пневматикот. “Роденденски подарок“ од Себастијан Ветел до останатите беше безбедносно возило на патеката кое остана до 32от круг.

Штом безбедносното возило се повлече во боксот, стјуардите се фатија за работа. Беше изречена казна од 5 секунди на Кевинг Магнусен за менување правец повеќе пати во дуелот со Паскал Верлејн, а толкава казна, но заради брзо возење во бокс добија и Џулион Палмер од Рено и кутриот Нико Хулкенберг, кого ништо не му одеше од рака на трката. Својата казна германецот ја отслужи во 52от круг.

safetycar_avstrija

За одбележување беше кругот бој 43 кога Фелипе Наср влезе за прв пат да ги промени своите софт гуми. Серијата на бразилецот беше неверојатна, а се дотогаш тој се наоѓаше во поени.

mag_ver_avstrija

Рестартот на трката значеше дека болидите на Мерцедес направија разлика од 10тина секунди за многу кратко, а Нико беше 2 секунди пред Луис, но во 44от круг влезе прешироко на едн кривина и предноста од 2 секунди се намали на само половина секунда. Во тие моменти н Хамилтон му беше дојавено да внимава на суспензијата затоа што работата е критична, додека камерите фатија агол од кој јасно се гледаше дека сите спојлери на Розберг не се кај што треба.

Мерцедесите еден по друг влегоа во пит, Луис во 55от круг, а Розберг еден подоцна. Но, Хамилтон искочи со жолти софт гуми, додека Нико со црвена суперсофт компонента од Пирели.

Последните 15тина кругови се разбуди заспаниот Кими Раиконен. Во кругот број 58 го мина Даниел Рикардо, превземајќи му го 4то место и експресно оддалечувајќи се од него. Потоа “се пушти“ по Верстапен доближувајќи му се на половина секунда на крајот од трката, но тоа беше се што направи.

masa_avstrija

Кругот број 66 беше моментот кога Маса се паркираше во бокс, а следниот круг тоа го направија и Фернандо Алонсо и Нико хулкенберг. Последниот круг беше кобен и за Серхио Перез кој излета поради проблем со суспензијата или гумите и се судри во ѕидот, но и онака не беше во поени.

Мерцедес влезе во претпоследниот круг со неколку заостанати болиди пред нив што значеше дека двајцата возачи ќе имаат ДРС на располагање, но последниот круг не беше така. Луис и Нико сами си ја решаваа судбината. Актуелниот првак има 24 поени заостаток во генералниот пласман и повеќе од јасно е дека до крајот на сезоната ќе биде казнет поради 6ти мотор и логично беше да се очекува од него да победи.

Свиокот број 2 беше кобното место. Луис на правецот беше побрз со ДРС и влезе однадвор на кривната, но Нико, иако од внатре не почна да врти се додека не се судри со Луис. Британецот продолжи надвор од патеката, а контакт имаа и по неговото вклучување, но тогаш стана евидентно дека Розберг го загубил цело предно крило во тој контакт. Хамилтон продолжи кон својата 46та победа, а Розберг беше минат и од Верстапен и Раиконен и се “доклацка“ како 4ти.

На 5то место заврши Даниел Рикардо кој на 10 кругови пред крајот влезе во пит по нови ултрасофт гуми. Џенсон Батон извозе маестрално за 6то место, а роман Гросжан исто така беше одличен и дојде до 7мо место. Следуваше Карлос Саинз и најголемото разочарување – екипата на Вилијамс и Валтери Ботас. Во топ 10 влезе и Манор со Паскал Верлејн.

[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/rezultati-2016-09-avstrija.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ