Австрија: Победа за Ботас во неизвесен финиш

Валтери Ботас стигна до својата 2ра победа во кариерата и исто така 2ра оваа сезона, а му ја донесе и 69та победа на својот Мерцедес. За финецот ова беше 15ти подиум во кариерата, а за „сребрените“ 139ти. На второ место до својот 93ти подиум дојде Себастијан Ветел кој финишираше нецели 7 десетинки зад Ботас откако последните 10 кругови го “ловеше“ финецот, но не успеа да стигне доволно блиску за прописно да нападне. Последното место на подиумот и својот 23ти подиум во кариератa, а 5ти едноподруго му припадна на даниел Рикардо. За Ферари ова беше 716то искачување на подиумот, а за Ред Бул 141во, со што “му бега“ на Мерцедес за 2 подиума.

На 4то место со само 1,4 секунди зад Рикардо финишираше Луис Хамилтон, додека 13 секунди зад него беше Кими Раиконен. Одличен 6ти заврши Роман Гросжан со својот Хаас, зад него беше тандемот на Форс Индија во стандардниот редослед, Перез па Окон, а последните две места кои носат поени им припаднаа на возачите на Филијамс кои вчера не стигнаа подалеку од К1.

Стартот донесе возбуда, Ботас тргна моќно, Ветел не толку, но сепак го следеше во чекор, а Раиконен ја загуби својата 3та позиција и беше 6ти на крајот на првиот круг откако беше минат од Даниел Рикардо и Роман Гросжан.

Првиот свиок беше драматичен затоа што Даниил Квјат сакаше така. Русинот се “запали“ и не успеа да докочи на првата кривина удирајќи силно во Фернандо Алонсо и извртувајќи го крај патеката. Шпанецот со својот болид откако беше удрен од Квјат, удри во Макс Верстапен кој исто така претрпе штета, а моменти претходно имаше очајно лош старт. Ова беше крај за трката за Алонсо, но и 5та незавршена трка на последните 7 тркчки викенди за Макс Верстапен. Квјат доби казна од минување преку бокс.

На почетокот Себастијан Ветел не можеше да поверува колку добро стартувал Валтери Ботас и пријави преку радиото дека мисли дека финецот прерано тргнал. Но, камерите покажаа дека Ботас тргнал феноменално и му биле потребни само 20 стотинки од гасењето на светлата, а Ветел го сторил истото за речиси својно, односно 37 стотинки.

Кими Раиконен само 3 круга се возеше зад Хаасот на Гросжан и го мина за 4то место, а човекот на првиот дел од трката беше Луис Хамилтон. Британецот во 6от круг го мина Перез за 6то место, а по два круга и Гросжан за 5то и се пушти во потера по Раиконен.

Кругот број 30 беше моментот кога престана маката на Кевин Магнусен. Данецот беше одличен во треите слободни тренинг сесии, но на квалификациите имаше дефект, а исто така и денеска. Од задниот дел на болидот сеп ојави чад, тој пријави дека нема серво, а преку радиото му дојавија дека има проблем со менувачот и дека не смее да менува брзини. Штета за тимот кој беше страшно многу конкурентен викендов.

Луис возеше 25 кругови зад Раиконен и не најде начин доволно да се приближи и да мине така што 32от круг Мерцедес реши да го внесе во бокс, иако неговата стратегија беше суперсофт и долга серија на почетокот, а ултрасофт и брзина за крај. Хамилтон се врати на 5то место и со ритамот и брзината беше јасно дека ќе го мине Кими.

Два круга подоцна по суперсофт влезе и Даниел Рикардо, а по него и Кими Раиконен. 3от круг беше моментот кога Луис Хамилтон постави најбрз круг рушејќи го рекордот на Михаел Шумахер од далечната 2003 година.

Во 42от круг по свежи гуми влезе и Валтери Ботас излегувајќи зад Раиконен кој беше единствен на стари гуми од водечките. Но малата грешка на механичарите во Мерцедес го одближи Ветел од 10-тина секунди заостаток колку што беше зад Ботас пред менувањето гуми, на само 3 секунди.

Валтери само два круга возеше зад Кими Раиконен и доста лесно го мина со новите гуми на кривината број 3. Постариот финец, оној на Ферари, веднаш се реши за промена на гуми во бокс и излезе на 5то место, зад Хамилтон.

Во овој период од трката казна од минување преку бокс доби Стофел Вандорн поради тоа што претходно имало истакнато сино знаме за него, а тој одбил веднаш да го пропушти Кими Раиконен иако финецот беше “залапен“ за него.

Кругот број 46 беше последен за Карлос Саинз. На шпанецот му јавија полека да го донесе болидот во бокс, на негово големо негодување преку радиото.

Последнтие 15тина кругови беа уживање. Најпрво Хамилтон како по навика не престануваше да се жали преку тимското радио и во тие моменти Кими Раиконен значително се доближи до него. Но, британецот чудесно се опорави и почна да вози најбрзи кругови и силно дасе доблжиува до 3то место на Рикардо, а на крајот заврши над секунда позади него, иако на моменти беше и во неговата ДРС зона.

Последните 5 кругови имаше борба и за победа. Заостанатите болиди го напраивја своети и Ветел силно се доближуваше до Ботас, а последните 2 круга беше и во неговата ДРС зона, но не успеа да мине.

Со 6те поени повеќе од Хамилтон, Ветел го зголеми водството на 20 поени по оваа трка, додека ботас е на 29 поени пред Рикардо на 3то место. Перез го мина Верстапен и е на 6то место со 5 поени позитива, додека холанѓанецот е притиснат и од Окон кој е само 6 поени зад него. Ленс Строл, Нико Хулкенберг и Роман Гросжан се изедначени на 11то место со по 18 освоени поени досега.

Интересно е и кај тимовите. Мерцедес води 33 поени пред Скудерија, додека Ред Бул е дополнителни 102 поени на 3то место, а следуваат Форс Индија и Вилијамс кои се 7 поени пред Торо Росо.

[table id=21 /]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ