Агаг: Ферари не се заинтересирани за Формула Е

Шефот на Формула Е, Алехандро Агаг, смета дека е потребна соработка помеѓу Формула Е и Формула 1 во иднина. Берни Еклстон пред некое време изјави дека Формула Е веќе е сериозна конкуренција на Формула 1.

Доколку се одлучува со глава а не со срце, би ја избрал Формула Е. Има повеќе опции за ширење и многу комерцијални можности – најави агаг.

Тој се приклучи кон коментарите на поранешниот шеф на Формула Е.

Мислам дека Формула 1 не треба да се грижи за Формула Е. Никогаш нема да има судир помеѓу нас бидејќи сме компатибилни. Можеби ќе има соработка, зошто да не.

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен лидер во Формула Е поредокот, Жером Д’амброзио верува дека и Ферари во еден момент ќе се решат за електронската серија.

За 10-15-20 години сите автомобили ќе бидат електрични.

Но Агаг отфрли било какво доаѓање на Ферари во Формула Е.

Јас ги поканив, но немам одговор од нив. едноставно, Немаат интерес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ