Агрегати и ERS

Спортска Регулатива

Со исклучок доколку вози за повеќе од една екипа, секој возач е ограничен на 3 агрегати во текот на една сезона. Единствен исклучок е кога агрегатот е снабден од производител кој за првпат учествува во една сезона, во кој што случај, возачот може да користи 4 агрегати.

Агрегатната единица е составена од 6 елементи: мотор со внатрешно согорување (ICE), систем за кинетичка енергија (МГУ-К), систем за топлинска енергија (МГУ-Х), систем за складирање на енергија (ЕС), турбополнач (ТЦ) и електронска контрола (ЦЕ).

На секој возач му е дозволено да користи само 3 ICE, МГУ-Х и ТЦ, само два ЕС, ЦЕ и МГУ-К за време на една сезона, а во било кој момент може да биде вградена комбинација од било кој елемент. Доколку на возачот му се потребни повеќе делови од дозволените, истиот ќе добие грид казна.

Првиот пат кога возачот ќе искористи дополнителен елемент, следува казна од 10 места. Доколку потоа искористи дополнителни елементи, следува казна од 5 места. Секој друг дополнителен елемент доаѓа со казна од 10 места.

За време на една трка, доколку кај болидот се вградат повеќе елементи, само последниот вграден елемент може да се користи на следниот настан без дополнителна казна.

Доколку дојде до замена на возачот во текот на сезоната, неговата замена ќе биде земена во предвид како првичен возач, со цел да се дефинира користењето на елементите.

Тимовите смеат да користат само хомологирани агрегатни единици.

Техничка Регулатива

Моторот со внатрешно согорување во Формула 1 мора да биде 1.6 литарски со ограничени вртежи од 15,000rpm.

Моторот мора да има шест цилиндри во формација од 90 степени, со 2 цевки за издув по цилиндар и единечен турбо полнач.

Системот за издувни гасови мора да има само единечен излез за турбината и било која од цевките за излезните гасови.

Прокоток на гориво во моторот е ограничен на 100 килограми/час.

Користење на било каков дел, освен моторот и МГУ-К единицата за придвижување на болидот е забрането.

Севкупната тежина на агрегатната единица мора да биде минимум 145 килограми. Единицата за собирање на енергија мора да биде инсталирана во внатрешниот дел и да тежи помеѓу 20 и 25 килограми.

Блокот на моторот мора да биде изработен од мешавина на алуминиум, користење на композитни материјали е забрането. Вртежната оска мора да биде изработена од мешавина на челик, вентилите од мешавина базирана на челик, никел, кобалт или титаниум.

МГУ-Х може механички да биде поврзана само со турбината, а во исто време поврзана со погонот, пред главната спојка.

Максимум од 4МЈ по круг смеат да бидат префрлени помеѓу ЕС до МГУ-К.

Максимум од 2МЈ по круг смета да бидат префрлени помеѓу МГУ-К до ЕС.

Неограничена количина на енергија може да се префрли помеѓу МГУ-Х и ЕС и/или МГУ-К.

Со исклучок кога болидот ја започнува трката од боксовите, МГУ-К може да се користи по стартот само кога болидот ќе достигне 100 км/час.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ