Азербејџан, Возач на денот: Шарл Леклер

Втор пат оваа сезона на четвртата трка од календарот, Шарл Леклер е прогласен за Возач на денот, откако со истото признание се закити и во Бахреин.

Возачот од Монако почна од 8та стартна позиција, а на крајот од првиот круг беше 10ти, но му требаа 3 кругови да ги загрее своите медиум гуми. Од 3то до 7от круг претекнуваше болид по болид и дојде до 5то место, а во 10от круг го мина и Верстапен за 4то.

Водеше на трката од 15от круг до 35от круг во предолга серија на медиум, влезе по софт, но не можеше да најде ритам.

На три кругови пред крајот на трката повторно промени гуми за да постави најбрз круг и тоа беше 51от и последен на трката.

АВСТРАЛИЈА, ВОЗАЧ НА ДЕНОТ: ВАЛТЕРИ БОТАС

БАХРЕИН, ВОЗАЧ НА ДЕНОТ: ШАРЛ ЛЕКЛЕР

КИНА, ВОЗАЧ НА ДЕНОТ: АЛЕКСАНДЕР АЛБОН

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ