Азербејџан: Ќе се најде ли јунак да го победи Мерцедес ?

Четврта трка сезонава и четврта 1-2 победа за Мерцедес, а воедно и нивна 16та завршена трка со двата болиди. Валтери Ботас овој пат го изедначи резултатот на 2:2 со Хамилтон, а најниското место на подиумот за Себастијан Фетел.

Азербејџанското Гранд При беше далеку од возбудата по која е познато, немаше Безбедносно возило, само едно Виртуелно, Шарл Леклер во својот последен обид го постави најбрзиот круг, а беше прогласен и Возач на денот.

На стартот Чеко Перез тргна одлично и го превзема 4то место на Макс Верстапен, а веднаш по гаснењето на црвентие светла Леклер загуби 2 позиции, тргна 8ми, а беше 10ти.

На младиот возач на Ферари му требаа 3 кругови да ги загрее своите медиум гуми и да почне да ја ниже конкуренцијата. Во 3от круг Леклер го мина Рикардо за 9то место, следниот круг го претекна Квјат за 8мо, во 5от негова жртва беше Саинз од кого го превзема 7то место, следниот круг мина крај Нотис за 6то место, а потоа и Чеко Перез за 5то. Три кругови немаше нимато болид пред 10от круг кога го претекна Макс Врстапен и дојде азд својот колега.

Во 6от круг Мас Верстапен по неколку кругови напаѓање го мина Серхио Перез на Рејсинг Поинт и си ја врати својата позиција од стартот на трката.

Серијата менувања гуми ја отвори Себастијан Фетел кој на своето Ферари монтираше медиум во 11от круг, паѓајќи од 3то на 5то место. По него и Ботас промени и од лидерската позиција излезе на 4то место, а следниот круг тоа го направи и Хамилтон кој излезе зад Ботас, така што промени во поредокот немаше.

Роберт Кубица во овој момент од трката доби казна од минување низ бокс поради недозволена работа над неговиот болид во гаражата пред стартот на трката.

Во кругот број 15 по нови медиум влезе и Макс Верстапен, но имаше бавен ритам пред влегувањето, така што падна на 6то место, дури и зад својот колега Пјер Гасли, кој по два круга го мина.

Следуваа 15тина здодевни кругови во кои ништо посебно не се случуваше, Леклер беше напред без промена на гуми и со 15тина секунди предност која Ботас, Хамилтон и Фетел полека, но сигурно ја намалуваа.

Во кругот број 32 Валтери го нападна под ДРС и го мина Шарл Леклер кој имаше стари медиум пневматици, а следниот круг тоа го стори и Луис Хамилтон. Круг подоцна и Фетел го мина својот колега пред овој да влезе во бокс, да промени на софт и да излезе зад Пјер Гасли кој го намачи цел круг во ситуација во која требаше да биде драстично побрз од конкуренцијата.

Истиот круг Даниел Рикардо и Даниил Квјат имаа дуел по кој австралијанецот продолжи право во зоната на излетување, а 3та кривина не “ја фати“ нити русинот. Следуваше враќање “во рикверц“ од страна на Риакрдо, кој не го виде Торо Росо и удри во него. Рикардо и Рено се откажаа истиот круг, а Квјат и Торо Росо следниот.

Кругот број 39 беше последен за Пјер Гасли кој имаше проблем со моторот или менувачот, сеуште не е познато и се откажа, предизвикувајќи Виртуелно безбедносно возило. Круг подоцна се откажа и Роман Гроснаж.

На три кругови пред крајот на трката промена на гуми за Шарл Леклер кој со новите софт не загуби позиција и постави најбрз круг.

Подиумот за Мерцедес и Ферари, а Верстапен како што почна така и заврши, на 4то место. Следуваше Шарл Леклер, а Чеко Перез повторно докажа дека Баку “му лежи“ и заврши најдобар од останатите. Двојни поени за Мекларен преку 7то место за Саинз и 8то за Норис. Ленс Строл донесе уште два бода за Рејсинг Поинт и ја исполни прогнозата на татко му пред трката, додека 4та трка по ред до поени дојде и Кими Раиконен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ