Аиткен ја завршил својата мисија на тестот

Џек Аиткен чувствува дека ја завршил својата работа за Рено за време на Формула 1 тестот во Шпанија кој му беше доверен на кој комплетираше солдни 75 кругови со РС19 болидот.

Аиткен е официјален тест возач на тимот сезонава, а е дел од Кампос Рејсинг тимот, покажа одлични перформанси за времето што го доби и се надева дека неговито фидбек ќе донесе итнересен развој во иднина.

беше одличо, имавме солиден број на кругови и поминавме низ се што беше планирано и што требаше да се одработи. дефинитивно јас ја завршив мојата мисија.

болидот покажа добро ниво на перформанси, а ние испробавме доста интересни развојни правци и идеи за во иднина. секако добивме некои работи кои ќе треба да ги доиспитаме и се надевам дека ќе добиеме добри резултати од нив.

искрено болидот е неверојатен и се надевам дека повеќе луѓе ќе може да го искусат. чувството е лудо, надвор од овој ссвет. мислам дека луѓето понекогаш не сфаќаат колку е блиска борбата со нашите ривали и колку е тешко да се спротиставите.

моторот има огромна сила, шасијата е неверојатна и дефинитивно сме конкурентни. секако дека имаме и неверојатен возачки тандем и јас сум поласкан што сум дел од овој тим – полн со пофалби е аиткен.

Британецот имаше 6то најбрзо време на денот и смета дека тоа не е многу битно кога се тестира. Приоритет за него било да се одработи она што му било доверено од екипата. Сепак, бил задоволен од круговите и фидбекот кој го дал до тимот.

додека тестирате и не размислувате многу, имате работа која треба да се заврши и фокусирани сте на тоа. добивме можност да комплетираме константни кругови и да им дадам на инженерите добра слика за болидот така што среќен сум што добив можност и за брзи времиња.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ