Албон бега од притисокот во Ред Бул

Александер Албон откри дека е фокусиран да избегнува големи очекувања од себе и голем притисок кој би му го наметнувале во Ред Бул откако на средина од сезоанта мина во сениорската екипа од Милтон Кинс од италијански Торо Росо.

Трансферот на Алекс кај “биковите“ дојде како дел од процесот нарече проценка на возачите кои би биле партнери на Макс Верстапен следната година. Албон имаше одличен почеток на својата Формула 1 кариера, откако мина во милтон Кинс има 5то и 6то место зад себе.

Во својата последна изјава тој откри дека немало огромни очекувања од него и Ред Бул не очекувале од првиот ден да биде на нивото на Макс Верстапен во болид кој е целосно нов за него.

не ми дадоа никаква листа што треба да направам за да останам во тимот. секако дека сакаме да се бориме со ферари и мерцедес, тоа на сите им е јасно. главна работа во моментов е да влезам во ритам и самиот да се притиснам и да си поставам некакви очекувања од себе.

на тоа сум фокусиран и кристијан хорнер и хелмут марко ми кажаа дека макс е таму каде што е затоа што го познава тимот, знае се и никој не очекува од мене веднаш да сум како него.

ќе ми треба време. сакам само перформанси од себе и да бидам на најдобро можно ниво. немам големо искуство, но секојдневно го собирам. треба да си дадам време, а не веднаш да почнам да си поставувам цело. природниот пат е најдобар, а ако тоа значи борба за подиуми кон крајот на годината тоа ќе биде одлично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ