Александер Албон ќе се трка на улиците на Марина Беј за прв пат во неговата тркачка кариера и ќе се обиде да освои поени со Ред Бул.
Во првите две трки со Ред Бул кои не беа лесни тој дојде до петта позиција во Белгија и шеста во Италија. Британецот со тајландско потекло претходно не бил во Сингапур, но изјави дека оваа забавна и психичка трка каде секоја грешка може да биде казнета од ѕидовите.
Сингапур е првата трка далеку од Европа во вториот дел од сезоната. дополнително тоа е улична трка каде нема место за грешка. Тоа ќе биде дополнително забавно бидејќи мене ќе ми биде прв пат таму – откри алекс.
Возачот од Тајланд смета дека Сингапур му е најблиску до домашна трка и очекува подршка од свои фанови. Тој со нетрпение го чека викендот за трката под рефлектори.
Сингапур е домашна трка за мене бидејќи е нешто најблиску до Тајланд и очекувам подршка од семејството и спонзорите. По симулациите и подготовките со тимот со нетрпение го чекам враќањето во болидот под рефлектори.