Албон имал најдобар викенд до сега

Денешното Јапонско Гранд При во Сузука се покажа многу успешно за возачот на Ред бул, Александер албон откако заврши на 4то место, најдобро во неговата Формула 1 тркачка кариера.

Утрово на квалификации тој извозе идентично време со својот колега, но поради што подоцна го постави своето, стартуваше до него во 3от рид од гридот.

позадоволен сум од квалификациите оошто од трката. кога почнаа квалификациите бев многу удобен во болидот и можев силно да притискам. во таков случај остварувате одличлно време по круг особено на ваква патека каде самодовербата е клучна – изјави албон за Sky Sports F1 .

За жал, британецот со тајландско потекло немаше добар старт откако имаше контакт при еден обид да го мине Ландо Норис од Мекларен.

на почетокот пролизгав во место и тоа беше моја вина поради што загубив две позиции што на некој начин ми ја диктираа трката затоа што најголем дел од истата се обидував да си ја вратам позицијата од двата болиди на мекларен.

потегот кон ландо во 5от круг беше добар, ми даде место, остави протор, но беше многу тесно – се присетува алекс на дуелот во последниот круг кој го прати возачот на мекларен прешироко крај патеката.

По тој круг број 5, Албон се насочи на стигнување на колегата на Норис, шпанецот Карлос Саинз кого го претекна во 26от круг, но беше предалеку од топ 3 возачите за да нападне за подиум.

кога го минав карлос веќе бев во ничија земја затоа што момците пред мене веќе отидоа многу напред и беа надвор од мојот досега и потоа ги менаџирав гумите.

Четвртото место за Алекс во Јапонија беше најдобар негов пласман на 17те извозени трки од кои 12 со Торо Росо, а останатите 5 со Ред Бул.

четврто место е најдобар пласман во мојата кариера, а викендов чувството дефинитивно беше одлично. сакав повеќе од трката и мислам дека и можев повеќе, но беше одлично да се дојде до 4то место и многу поени за мене и екипата.

сеуште се прилагодувам, но се на се сум среќен и задоволен со мојот ритам и напредокот овој викенд. во пресрет на трката веројатно сакавме повеќе, особено поради гонда, сакавме да бидеме поблиску до врвот, но немавме ритам. ќе продолжиме да работиме и се надеваме дека во мексимо ќе биде подобро – најави албон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ