Албон имал проблеми со напонот во моторот

Невообичаен проблем со напонот во моторот на Хонда му оневозможило на Александер Албон да заврши во поени на Силверстон. Британецот со тајландско потекло беше меѓу првите кои промени гуми уште во 13от круг и најголем дел од трката ј авозеше во поени откако имаше второ К3 присуство на квалификациит егодинава.

Но, на два кругови пред крајот излезе од поени откако имаше серија од 39 кругови на исти гуми, а Торо Росо не сакаа да превземат ризик и да го внесат во боксот.

Проблемите на Албон, кој сеуште не се целосно идентификувнаи, значеше дека болидот не е безбеден за допирање се додека не беш целосно исклучен.

имавме мерка на претпазливост во системот под висок напон, истражуваме да видиме што се случи. во такви случаи треба целосно да се исклучи моторот и да не се допира болидот.

секако дека подобри беше да продолжиме да возиме до крајот одошто да застанеме, да го гаснеме моторот и да ги менуваме гумите на тој начин. одлучивме да останеме на патеката – појасни тојохару танабе, техничкиот шеф на хонда.

Јапонецот откри дека таков проблем е многу невообичаен и редок, а прв пат се случува откако тој е дел од Формула 1 проектот на почетокот од минатата сезона.

ова е прв пат во изминатиот период откако јас сум крај патеката да е селучува нешто вакво.

Албон впзеше меѓу двата возачи на Рено во првата серија, а Рикардо заврши на 7мо место, Хулкенберг дојде до поени. Иако сите тројца променија гуми пред безбедносното возило, поените на Рено се доказ дека без маките на Хонда, Алекс ќе дојдеше до поени 4ти пат сезонава.

не сакам да се оправдувам. предолагата серија на медиум ми направи проблеми. ушт ееден круг и мислам дека немаше да имам повеќе гумен слој. сепак, имавме добар ритам, но гумите не издржаа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ