Албон: Конечно стигнавме до заслуженото

Александер Албон, дебитантот на Торо Росо, смета дека екипата конечно стигнала до резултат кој го отсликува нивниот потенцијал, благодарение на двојните поени во Монако.

Двајцата возачи на екиапта стигнаа до последниот квалификациски сегемтн, русинот заврши на 8мо место, додека Алекс беше две позиции зад него. На трка беа одлични и брзи 78те кругови низ Кнежевството фи финишираа на 7мо и 8мо место за најдобар финиш на екипата од Фаенца сезонава.

не може ни да посакаме повеќе од топ 10 за двајцата нас. мислам дека ова е прв викенд каде доаѓаме до поените кои ги заслужуваме како екипа. резултатот е тимска заслуѕга од самиот почеток на викендот каде одработивме се што требаше – смета албон.

Британецот со тајландско потекло имаше одличен прв ден во Монако и на втората тренинг сесија успеа да постави дури 5то најбрзо време.

викендот одлично почна, но на квалификациите како да подзагубив малку ритам. како и повеќето екипи, како да загубив чувство за патеката откако во петок не возевме, можеби е неискуството за адаптирање.

штета затоа што во сабота бев навистина брз, знам дека тимот ми велеше да не претерувам затоа што некако возев на ритамот. јасно е дека на трка мораше и многу да се менаџира со гумите, но имавме одлична тимска стратегија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ