Албон очекува добра битка во средината

Александер Албон, возачот на Торо Росо, смета дека Силверстон ќе биде одличен за тимот затоа што нема да имаат казни на стартот, што значи дека ќе може да предизвикаат за поени.

Британецот со тајландско потекло на Ред Бул Ринг тргна од последниот ред поради прерана промена на елементи од неговиот мотор. Не само Австрија туку и Франција беше тешка за него, но без казни смета дека Британското Гранд При ќе се бори во средината.

ни беше тешко на последните две трки, а во австрија ги одработивме тренинг сесиите на малку поинаков начин затоа што знаевме дека ќе бидеме казнети поради промена на моторот. се обидовме подобро да го разбереме болидот затоа што во франција не работеше како што сакавме.

во австрија сакавме да искористиме повеќе од неговиот потенцијал, но имавме слични проблеми како на пол рикар, дури и поголеми.

во британија доаѓаме без казни и планираме да стартуваме од квалификациската позиција. по анализа на многу податоци од последните две трки, се надеваме дека ќе се бориме во средината од поредокот успешно.

Албон има трка зад себе во Силверстон, во ГП3 се тркаше даму во 2016 година, а последните две години во Формула 2. Има победа за Арт во ГП3, а лани и за ДАМС во Формула 2, така што Силверстон “му лежи“.

мислам дека имам четири трки таму, ми се допаѓа и имам добри гп3 и формула 3 спомени од патеката. заборавив дека имам и победа во гп3.

Патеката е омилена помеѓу возачите, а Алекс смета дека тоа е поради чувството кое е како возење по ролеркостер.

сите го сакаат силверсто нзатоа што иако не сум возел формула 1 болид таму, сигурен сум дека овие фантастични машини едноставно оживуваат и сета потисна сила и огромна брзина одлично се чувствува.

маготс и бекетс се многу кул и сигурно дека формула 1 болид е како луда железница таму. ако фатите добар ритам и само ги нижете кривините, ќе биде навистина забавно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ