Албон: Петок е секогаш тешка борба за мене

Алекс Албон мора брзо да учи со Ред Бул и затоа првата тренинг сесија секогаш е тешка за него. Тој верува дека првиот тренинг на секоја трка е борба за него и тој мора да се научи и приспособи на болидот од Ред Бул откако дојде во тимот на средина од сезоната.

Британецот со тајландско потекло дојде од Торо Росо во Ред Бул откако Пјер Гасли не успеа да ги даде потребните перформанси кои ги очекуваа во тимот. Тој имаше одличен старт со две 5ти места и две 6ти во четири трки, а до петтото место во Русија дојде откако излета на квалификациите и тргна од гражата. Од Сочи тој се чувствува поудобно во болидот и ако првиот тренинг за него секогаш останува борба.

Мислам дека е до моментот, но првата петочна сесија е секогаш борба. Во текот на викендот е подобро бидејќи ми е потребно да влезам во ритам со брзнините. По само неколку кругови станува полесно. Во Русија имав тежок викенд и мислам дека сум среќен со развојот – изјави алекс.

Учењето на Албон е забрзано бидејќи тој до сега има возено само на една од наредните пет трки и тоа Абу Даби, а наредната трка во Јапонија е доста важна за Хонда кој е партнер на Ред Бул.

Мислам дека сум бил само во Абу Даби. Знам дека Сузука не е лесна патека, но треба да го научам и болидот и патеката и сум подготвен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ