Албон појасни зошто не го добива новиот мотор на Хонда

Александер Албон појасни зошто Торо Росо одлучиле само еден нивни болид да добие казна во Франција и поради тоа во неговиот болид нема да биде вградена третата спецификација на моторот на Хонда.

Се претпоставува дека новиот мотор ќе овозможи 10 дополнителни коњски сили, иако Квјат ќе мора да се соочи со грид казна. Ако Албон исто така го добиеше новиот мотор, тоа ќе беше негов четвртi во сезоната, како и кај Квјат, што исто би значело грид казна.

Тешко е да се каже колку е подобар додека не ги споредиме. Јас се фокусирам само на мојата страна на гаражата.

Знаевме дека што и да направиме, ќе добиеме казна поради тоа. Од мојата страна, ние сме во добра позиција со моторот.

Даниил беше поблиску до лимитот и тие одлучија да го променат неговиот порано. За мене е во ред, само треба да продолжам понатаму со мојата работа. Како тим, не сакавме двата болида да имаат казна и ги поделивме.

Во иднина ќе видиме бидејќи не знам кога ќе го добијам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ