Албон се навикнува на Ф1 циркусот

Александер Албон откри дека конечно се навикнал на побарувањата да се биде Формула 1 возач откако веќе учествуваше во седум трки за Торо Росо сезонава. По несјајниот почеток во највисокото ниво на моторспортот, тој почнува да се чувствува поудобно.

Албон беше јуниор на Ред Бул во поголемиот дел од својата кариера, но одлучи да премине во Формула Е бидејќи празно место во Формула 1 не беше достапно. Сепак, пред да го има своето деби во Формула Е, тој беше регрутиран од Торо Росо како замена за Пјер Гасли, кој беше промовиран во Ред Бул.

Формула 1 циркусот не е толку луд откако ќе поминете некое време во него. Само се прилагодувате и се станува нормално. Јас сум блиску до тоа.

На почетокот беше застрашувачки колку работи треба да завршите. Сега е навикнувам на тоа.

Поените на почетокот ми одат во прилог. Среќен сум екипата. Навистина се чувствувам удобно со нив, немам стрес. Имам голема подршка од момците.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ