Албон: Тост ме советуваше да не се замарам

Дебитантот Александер Албон изјави дека тимскиот шеф на Торо Росо, Франц Тост, во однос на надворешниот притисок во Формула 1 го советувал едноставно да не се замара.

Албон премина во Гранд При трките откако се пласираше на трето место во Формула 2 во 2018 година, без претходно Формула 1 искуство и го имаше своето деби за Торо Росо во Мисано за време на денот за снимање пред почетокот на зимските тестови.

Во првата трка во Австралија тој се пласираше на 14то место, а потоа освои 2 поена со 9то место во Бахреин. Албон вели дека тој го сослушал советот од тимскиот шеф во обид да се справи со притисокот.

Лесно е во овој свет, особено во Формула 1, да се почувствува притисокот постојано. Тука сум за да уживам. Го сакам овој спорт. Не се движам наназад, туку навистина уживам.

Франц ми кажа да не се замарам, тоа е неговото мото, едноставно не се замарај. Врши ја својата работа. Го прифаќам тоа бидејќи е дел од Формула 1.

Мелбурн не беше најдобриот почеток по извртувањето во Т1, беше поразлично на тоа што сум навикнат. Се извртев и не размислував премногу околу тоа, но медиумите истакнаа даке сум имал “проблематичен“ ден.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ