Албон: 5то место е одлично деби за Ред Бул

Алекс Албон ја истакна својата среќа по пласманот на петто место во Белгија при неговото деби во Ред Бул.

Откако стартуваше од 17то место по казната за промена на мотор, младиот возач имаше мали потешкотии во првиот стинт со медиум пневматиците додека се обиде да напредува во поредокот.

Потоа успеа да помине неколку возачи откако премина на софт пневматици.

Многу сум среќен. 5то место е одличен резултат и имав добар старт. Се забавував на патеката и уживав во трката. Викендов кога започна бев нервозен и ако ми кажевте дека ќе завршам на петто место, ќе бев многу среќен, но сега сум поопуштен.

Бев тешка трка при првиот стинт, немав грип и неможев да претекнам никој. Но со софт пневматици, болидот оживеа и тогаш можев да превземам нешто.

Последниот круг беше многу добар, имав добар дуел со Серхио, тоа беше добро тркање.

Дефинитивно постојат области во кои треба да се подобрам, да се фокусирам, да завршам домашна работа и да мислам на Монца.

Ќе дискутирам со тимот, за да разберам зошто се мачев, но сеуште го запознавам болидот и се адаптирам. Немав премногу притисок пред викендот, но уживав неделава со тимот.

Беше добро искуство и поинаков начин на работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ