Алдо Коста ќе биде технички шеф на Далара

Техничкиот советник на Мерцедес, Алдо Коста, ќе мине во Далара каде ќе ја извршува улогата на Технички директор од почетокот на следната година.

Коста дојде во Мерцедес во 2011 година по долг престој во Маранело кај Ферари, но во пресрет на тековната Формула 1 сезона ја напушти својата улога на директор на инженерите во тимот. Остана како советник во тимот по внатрешнит ереструктуирања во Бракли, минуваше повеќе време со семејството во Италија годинава, а работните обврски во Мерцедес ќе му престанат на крајот на овој месец.

Од следната година ќе почне д аработи во Далара која ги дизајнира и произведува болидите во Формула 2, Формула 3 и Индикар тркачките серии, а се партнери и со Формула 1 тимот на Хаас.

по многу години минати во врвот на моторспортот возбуден што ќе имам можност да придонесам со тоа што го имам научено и во други тркачки серии со високи перформанси и автомобилски проекти надвор од тркањето.

се сеќавам дека му напишав писмо на џампаоло далара на почетокот од мојата кариера барајќи работа, но во тоа време немаа ништо слободно за мене, но тој ми отвори некои врати во индустријата.

сега, по многу години, се чувствувам како тркалото целосно да се свртело и горд сум што ќе станам дел од оваа иконска компанија на италијанскиот моторспорт – најави коста.

Алдо го опиша своето време во Мерцедес како извонредна привилегија откако имаше клучна улога во подемот на тимот и доминацијата која трае од 2014 година.

алдо беше еден од темелите на нашиот тим откако дојде во 2011 година и сега не напушта со исто достиинство и професионализам како кога дојде.

сакаше да се врати во италија за да мине повеќе време со своето семејство, а сепак голем дел од својата енергија и знаење да ги употреби за придонес во моторспортот.

неговата улога во далара е фантастично можност и јас сум воодушевен што најде толку добра улога во својата кариера каде ќе може да придонесе со своето знаење на секое ниво од глобалниот моторспорт.

од името на сите во мерцедес сакам да му посакам огромен успех во следото поглавие за него – изјави тото волф.

Главниот извршен директор на Далара, Андреа Понтремоли откри дека компанијата има огромна можност со носењето на Коста.

тој ќе ни овозможи да го хармонизираме нашиот технички оддел со цел целосно да ја развиеме способноста и знаењет она далара и да ја подготвиме компанијата за идните предизвици кои ќе ги имаме заедно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ