Алеси смета дека Сена е побрз од Шумахер

Поранешниот француски Формула 1 возач, Жан Алеси, откри дека ривал на патеката кој најмнгоу го импресионирал за време на неговиот долг престој во тркачката серија е бразилската легенда Аиртон Сена. По него, тој бил подобар од Михаел Шумахер, а меѓу најдобрите против кои се тркал ги вбројува и Емерсон Фитипалди, Најџел Мансел и Алан Прост.

На Големата награда на Америка во 1990 година, Алеси загуби од Сена по една епска битка и покрај тоа што возеше за лошиот Тајлер, а бразилецот беше во моќниот Мекларен. Потоа направи рокада со Михаел Шумахер во зимата во 1995 година, германецот отиде во Ферари, а се што потоа следуваше беше патот кон ѕвездите.

Иако Михаел е најуспешниот Формула 1 возач во историјата на сите времиња, Алеси смета дека Сена е најбрзиот.

некои возачи додека разговараат со инженерите, буквално ги тераат да работат за да им го овозможат тоа што го сакаат. михаел беше типичен таков, што и да кажеше, тимот ги исполнуваше неговите желби, а тоа го направи голем шампион затоа што тимот работеше за него, а тој знаеше што сака. никој не може да се носи со него по успесите на трки, тој беше посебен.

Но, Сена, не знам што да кажам, Сена ме импрсионираше повеќе во однос на брзината. Тој е најбрзиот против кој сум се тркал.

без разлика на болидите, со квалификациски гуми, летечки кругови, огромен грип, 550 килограми, без серво…тој ме импресионирал секогаш – објасни алеси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ