Алонсо го искуси првото превртување во пустината

Фернандо Алонсо имаше тежок почеток на својата рели-рејд кариера, превртувајќи го пикапот на Тојота во првата фаза од настанот Лихтенберг 400 во Јужна Африка.

Алонсо и совозачот Марк Кома се во добра состојба по настанот, по кој тие заостануваа 8 минути, но и кој ги натера останатиот дел од натпреварот да го возат со заштитни очила бидејќи беше отстрането предното стакло.

Алонсо и Кома не завршија тука. Тие има уште проблеми во втората фаза од настанот. Севкупно, времето на Алонсо беше конкурентно во однос на тимскиот колега Гиниел де Вилиер и Хенк Латеган, се додека двократниот шампион во Ф1 беше приморан да застане бидејќи беше удрен од птица.

Алонсо и Кома стигнаа до крајот на етапата, но не беа класифицирани поради изгубеното време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ