Алонсо го проба седиштето за Инди500

Фернандо Алонсо го посети технолошкиот центар во Мекларен каде заврши со пробата на седиштето за претстојната трка, легендарната Индијанаполис 500 каде тој ќе напаѓа на тројната круна.

Во Ноември беше објавено дека Алонсо ќе се појави по втор пат на патеката откако поради откажување на моторот тој мораше да се откаже во 179 круг иако доста време помина во топ 10.

Алонсо ќе биде дел од овој настан со тимот Мекларен Рејсинг но овој пат ќе вози со Шевролет мотор бидејќи немаат повеќе соработка со Хонда и Андрети Аутоспорт. Механичарот на шпанецот Лиам Денс објанси дека големото искуство му помогнало на Алонсо да се снајде побрзо.

Во Формула 1 седиштето е направено за возачот побрзо да биде изваден од болидот во случај на несреќа. Во ИндиКАр седиштето е поголемо со многу повеќе меки делови и всушност е направено од пена, а не од карбон.

Бидејќи се вози на овал со големи брзини, многу е важно да има потпора на десната страна. СО Алонсо секогаш се знае точно. Точно ви кажува во милиметар. Не толку искусните возачи не се толку сигурни. Среќен сум со него. Кога ќе излезат на патека тогаш дознаваат и тешко е да се работи со нив. Тоа може да ве чини доста време. Затоа е важно да ви биде удобно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ