Алонсо им приоѓа на дините со почит

Фернандо Алонсо ги започна своите подготовки за Дакар релито со Тојота во Намибија оваа недела и признава дека првиот тест бил шокантен. Ова е неговата наредна авантура во моторспортот каде ќе се обиде да вози рели на легендарниот Дакар кој наредната година ќе се одржи во Саудиска Арабија.

Шпанецот продолжува со Тојота Газо Рејсинг, а тие ги започнаа подготовките во Намибија оваа недела со Тојота Хилукс. Негов ментор ќе биде Жиниел де Вилие и Марк Хома. Тој веќе се искачи на највисоката дина во Намибија која е висока 383 метри.

Беше интересно да се искачам на големите дини во Намибија за прв пат. Можеби е шокантно на почетокот, но морав да внимавам и да имам почит. Тие бараат посебна техника и моравме да избегнеме неволји за да бидеме на време.

Алонсо инсистира дека ова е почеток на учењето пред да излезе на трката.

Чувството е добро бидејќи сте завршиле нешто, ама ова е контролиран тест со предодредена рута и тимот знае што не чека. Се обидувам да одам пред да трчам и напредувам полека. Засега е добро. Благодарение на сите во тимот одиме напред  без страв.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ