Алонсо и Мекларен ќе возат Шевролет на Инди 500 во 2019

Мекларен потврдија дека нивното враќање на трката Индијанаполис 500 во Мај следната година ќе биде во соработка со Шевролет, кој ќе ги снабди моторите за болидот на Фернандо Алонсо во неговото второ учество на легендарниот настан.

Првото возење на Алонсо на Инди 500 беше со помош на мотори на Хонда, кога Мекларен имаше партнерство со јапонскиот производител во Формула 1. Сепак, таа соработка наскоро згасна, а Мекларен преминаа на мотори на Рено за оваа сезона, додека Хонда започна соработка со Торо Росо.

Поради разврската, помалку очекувано беше Мекларен и Хонда повторно да соработуваат на Инди 500, така што не е изненадување што тимот потпишал договор со Шевролет

Мекларен и Шевролет имаат заедничко педигре во моторспортот во Северна Америка. Можноста да се поврзат овие два бренда за специјален настан е премногу добра да се пропушти.

Како и Мекларен, Шевролет го имаат тркањето во своето срце. Нивното реноме во ИндиКар е првокласно и тие ќе бидат моќен партнер – изјави Зек Браун од Мекларен.

Шевролет ќе ги снабди Мекларен со 2.2 литарски В6 мотор со двоен турбо полнач. Алонсо, чиешто учество во 2017 година беше скратено поради откажување на моторот, е пресреќен со новата соработка која тој се надева дека ќе му овозможи да стане вториот возач во историјата кој ја освоил Тројната Круна, покрај Греам Хил.

Ќе биде привилегија да се вози тој бренд на Инди 500. Со моќта на Шевролет позади мене, ќе бидеме во најдобра позиција да конкурираме на врвот.

Имав мал контакт со моќта на Шевролет минатата недела возејќи го автомобилот на Џими Џонсон од НАСКАР. Шансата да учествувам на Инди 500 е гордост и горд сум што Шевролет ќе биде дел од тимот – изјави Алонсо.

Фернандо ќе биде дел од уште еден американски бренд на Џенерал Моторс, Кадилак, на неговото учество во Ролекс 24 часа во Дејтона.

Возбудливо е да бидеме партнери со Фернандо Алонсо и Мекларен за Инди 500 во 2019 година. Шевролет и Мекларен имаат долга тркачка историја, која започно во 1960-тите.

Фернандо има неверојатен талент, страст за спортот и знае да победи на најголемите трки во светот. Кога тој е на патеката, тој е електричен. Придонесува кон возбуда помеѓу фановите – изјави Џим Камбел, подпретседателот за возила со перфоманси и моторспорт при Шевролет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ