Алонсо и Тојота почнаа подготовки за Дакар

Шпекулациите од почетокот на оваа година изгледа беа вистински откако Фернандо Алонсо започна интензивни тестови со Тојота Газу Рејсинг автомобилот за следното издание на познатото рели Дакар во 2020 година. Подоготвките на шпанецот стартуваат во Намбија следната недела.

Двократниот првак тестираше Тојот Хилукс во Калахари пустината во Март продолжувајќи ја успешната соработка со јапонската компанија која почна во ВЕЦ серијата на издржливост како нивни “шофер“.

возбуден сум што ќе ја продолжам мојата авантура со тојота газу рејсинг. заедно постигнавме многу од моето прво возење тојота во ноември 2017 година, два пати победивме на ле ман и освоив титула во серијата на издржливост за тимот со моите колеге себастиен буеми и казуки накаџима.

пробав офроуд рели на почетокот од годинава и ми остави добро чувство поради што сакав да продолжам. знаев дека ќе биде сосема поинакво искуство да се вози надвор од асфалтот, но чувството во хилукс беше одлично, ми даде самодоверба брзо и се подобрував брзо.

навистина сум нетрпелив на следните неколку месеци да го запознаам автомобилот и да работам со тимот. секогаш сум сакал нови предизвици и различни дисциплини и мислам дека имам одличен тим за тоа – изјави алонсо.

Почетокот на тестовите на Нандо со Тојота ќе бидат следната недела во Намбија со Газу Јужна Африка, тимот кој ги покрива подготовките за Дакар. Ќе следуваат дополнителни тестови во Африка, Европа и Средниот Исток до крајот на годината како и учество на Рели Мароко на почетокот на Октомври.

Совозач на Алонсо на Дакар се очекува да му биде Марк Кома, петкратен победник на релито со моторциклите на КТМ.

По десет години возење на Јужно-Американскиот континент, јубилејното 30то издание на Рели Дакар во 2020 година ќе се вози во Саудиска Арабија со почеток на 5 Јануари во Џедах, а крај на 17 Јануари во Ал Одидија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ