Алонсо и Џими Џонсон ќе си ги променат возилата

Двајца многу успешни моторспорт шампиони во своите соодветни тркачки серии планираат да ги променат своите “машини“ овој месец. Фернандо Алонсо, возачот на Мекларен во Формула 1 и Џими Џонсон, Наскар возачот на Монстер Енерџи, објавија дека на 26 Ноември на патеката во Бахреин, еден ден по крајот на Формула 1 сезоната, ќе ги заменат своите возила. Во видео промовирано на социјалните медиуми, двајцата возачи го најавија овој настан.

Формула 1 кариерата на Фернандо Алонсо започна пред 17 години, на крајот на оваа ќе стави крај на истата по 2 шампионски титули и 32 поведи. Тоја има победа и во престижното Монако, а во ВЕЦ сезонат триумфираше на уште една историска патека, Ле Ман. Се тркаше и на Индијанаполис лани, но не ја заврши трката.

Според motorsport, планот е многу пообемен одошто проста замена на возилата како што последен пат во 2011 година направија Луис Хамилтон и Тони Стјуард, исто така Наскар шампион, во славниот Ваткинс Глен.

По трката во Наскар од 18 Ноември, Џонсон ќе оди во Вокинг, седиштето на Мекларен во Бриатанија каде ќе има вежби во Формула 1 симулаторот на екипата. По неколкудневен тренинг, тој ќе се приклучи на својот тим во Абу Даби.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ