Алонсо негира дека е фокусиран кон враќање во Ф1

Фернандо Алонсо негира дека сака да се врати во Формула 1 наредната година, истакнувајќи дека тој може да најде подобар предизвик во други тркачки серии.

Шпанецот моментално е ослободен од тркачки ангажмани откако не успеа на овогодинешното издание на Инди 500 со Мекларен и откако заврши неговото учество со Тојота во Светското Првенство на Издржливост.

Сред несигурност околу иднината на Себастијан Фетел во Ферари, шпекулациите од скоро велат дека Алонсо би можел да се врати наредната година, а извори велат дека негови претставници биле во контакт со тимовите и нивните планови за 2020 година.

Во последните години, тоа што Ф1 може да ми го понуди на лично ниво не е веќе привлечно. Тоа беше фантастичен период за мене, но денес мислам дека не можам да најдам предизвик во Формула 1, како што можам во други тркачки серии.

Имам јасна идеја што ќе правам. Јас не оставам врати отворени и не чекам или барам некој да ми се јави. Секогаш избирам каде и кога сакам да се тркам, бидејќи се движам во зависност од тоа што ме прави среќен. Што ќе правам во иднина е во мојата глава и ќе биде споделено во вистински момент.

Алонсо исто така негираше дека планира да атакува на Дакар релито, иако доби пофалби од поранешниот шампион, Жиниел де Вилие, по тестот со Тојота Хилукс.

Тоа е атрактивен настан, најважен, но спротивен од моите квалитети и начин на возење. Никогаш не сум се натпреварувал на земја и да се обидам на најтешкото рели во светот би било голем екстрем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ