Алонсо нема планови за цела сезона во ИндиКар

Фернандо Алонсо ја одби идејата за натпреварување во цела сезона во ИндиКар во 2020 година, инсистирајќи дека секое учество во Инди 500 ќе биде самостојно.

При првата посета во Индијанаполис во 2017 година шпанецот беше конкурентен и водеше во еден дел од трката со болидот на Андрети Аутоспорт и Мекларен. Но минатиот месец, при самостојно учество на Мекларен, резултатот беше дебакл за двократниот шампион кој не успеа да се квалификува за трката.

Иако Алонсо се надева дека ќе се врати на Инди 500 наредната година, тој истакна дека не планира учество во цела сезона.

Ако учествувам на Инди, тоа ќе биде повторно самостојно учество. За цела сезона, тоа е преголема посвета во однос на трките.

Ако сте таму треба да бидете во борба за добри резултати, а не како турист.

Да возам во четири или пет трки како подготовка нема смисла бидејќи Инди е првиот овал во првенството. Нема други овали на кои може да се подготвите. Самостојно учество е доволно.

Ќе мора да видам кои се опциите. Ако повторно возам на Инди, тогаш ќе ги разгледам опциите за која екипа и ќе ја изберам најконкурентната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ