Алонсо нешто најавува: Новите правила се добра можност за враќање

Фернандо Алонсо изјави дека планираните големи промени на правилата од 2021 година ќе донесат нова можност за евентуално негово враќање во Формула 1.

Двократниот шампион го напушти спортот на крајот од минатата година велејќи дека доминацијата на три екипи и предвидливоста се главни причини за таквата негова одлука. Алонсо во меѓувреме рабоеше на ендјуранс трките на издржливост како и Инди 500 на кое не успеа да се квалификува. Во моментов за него е актуелна Тојота и нивниот Дакар тим.

мислам дека треба да размислам за неколку различни предизици надвор од формула 1 кои сака мда ги заврша. сеуште не се завршени, како на пример инди 500 и некои други работи, а 2021 година со новите правила ќе биде интересно и поразлично од она што го гледаме сега.

причините поради кои ја напуштив формула 1 лани сеуште ги има во спортот, доминација на една екипа и голем предвидливост, но од 2021 година тоа ќе го нема така што веројатно за нас ќе биде одлична можност – најави нандо.

Тој откри дека секогаш разговарал со тимот за можно враќање во спортот, но не откри ништо повеќе од тоа. Тој е фан на новите правила, но не сака календар со 22 трки кои смета дека е негативна страна.

било кој друг спорт е попредвидлив од формула 1. ако гледате мотогп, индикар, се е многу поинтересно и мислам дека треба да следуваат уште промени. новитеправила се направени за тоа, да ги изеднчат тимовите по малку и да постојат опции. единствена лоша страна сметам дека е календарот од 22 трки кој е тешко остварлив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ