Алонсо: Не заслужив да победам повторно на Ле Ман

Фернандо Алонсо и неговиот тим Тојота повторно победија на престижниот 24 часа Ле Ман, но според шпанецот победата му припаѓала на другиот автомобил на фабричкиот тим.

Тојотата автомобилот со број 7, 23 часа беше на првата позиција, но на крајот мораше да се откаже поради пукната гума и ја препушти победата на автомобилот со број 8 од Тојота.

Не ја очекувавме оваа победа. Немавме добро темпо во текот на трката. Не бевме брзи како нив и не ја заслуживме победата на трката. Имавме повеќе среќа.

Ова се случи по втор пат откако во 2016 имаше сличен инцидент.

Се сеќавам кога гледав на телевизија како Казуки запре на 1 минута пред крајот. Тоа е многу лошо чувство. Сум имал такви моменти кога се борев за титула со Мекларен во 2007 година и со Ферари во 2010 и 2012 година.

Кога доаѓаат тие моменти многу ви е лошо. Тие ја заслужија победата.

Алонсо, Буеми и Накаџима победија на Ле Ман и според шпанецот поважна била титулата од победата.

Наша цел беше да сме шампиони и горд сум на тоа. Ова беше долга сезона. Минатата сезона беше тешка со Формула 1 и ВЕЦ, но сега е само ова и многу е полесно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ