Алонсо не се плаши и покрај големиот судар на Инди

Фернандо Алонсо откри дека нема да се плаши кога повторно ќе се качи во неговиот Мекалрен Индикар болид на следната тренинг сесија на легендарната Индијанаполис 500 трка.

Двојниот Формула 1 првак имаше силен судар за време на тренинзите и подготовките за неговото освојување на трката која му недостасува за комплетирање на тројната круна. Шпанецот погреши на третат акривина, удри во ѕидот пред да се изврти и да удри и во внатрешната ограда.

секако дека постои момент на стрес и момент на опасност кој е секогаш присутен во трки со отворени едноседи, возите брзо и штом удрите нешто при голема брзина, секакое дека по малку ќе боли.

сите несреќи и судари се чувствуваат исто во кокпитот, овдека разликата е брзината со која удирате во ѕиот. нормално дека не е еден удар, вториот доаѓа потоа, а често следува и трет судар, така што мора да се подготвите за сите.

морам да кажам дека во случајов имав и малку среќа затоа што првиот не беше удар туку само силно лизгање по оградата и поради тоа немаше големо и силно намалување на брзината, туку континуирано.

се на се ова беше мое прво вакво искуство, се надевам и последно – изјави шпанецот за Associated Press.

Долгогодишниот Формула 1 возач е нетрпелив да се врати во болидот.

секогаш сум позтивен, ќе се вратам посилен, екипата прави се што може за подобро да се пдоготви за следниот тест. подготвен сум, не се плашам и повторно ќе возам максимално брзо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ