Алонсо одбил понуда од Ред Бул да го замени Гасли

Медиуите ширум Европа пренесуваат дека двократниот Формула 1 првак, Фернандо Алонсо, неодамна одбил понуда од Ред Бул Рејсинг за враќање на гридот и довршување на оваа тркачка сезона.

Шпански Mundo Deportivo пишува дека од Милтон Кинс му понудиле на Нандо шанса да го замени Пјер Гасли во вториот дел од сезоната откако тимот станал силно загрижен за недостатокот на перформанси од својот млад француски возач и неговиот огромен заостаток зад Макс Верстапен, по што ја губат можноста и да го стигнат Ферари на второ место кај конструкторите.

Откако Алонсо ги одбил, Ред Бул решија да ги проценат можностите на Александер Албон во врвен болид, така што британецот со тајландско потекло уште на Спа ќе добие шанса да вози крај Вератапен, а Пјер ќе биде вратен во својата ланска екипа.

ред бул контактираа со алонсо на силверстон и му го понудија местото на пјер гасли. покрај јавните негирања од страна на тимот, тие бараат алтернативи да го заменат гасли уште од трката во австрија кога беше миант за цел круг од својот колега.

фернандо не им се понуди самиот на ред бул, туку тимот на чело со кристијан хорнер бараа тој да вози за нив. одговорот на алонсо беше децидно “не“ – пишува Mundo Deportivo.

Доколку искусниот возач се согласеше да се врати на гридот, тандемот со Макс Верстапен ќе беше страшна работа и дефинитивно ќе имаше силна борба во тимот на останатите 9 трки од сезонава. Сепак, да се влезе во болид на средина од сезоната и да се биде редовно зад веќе вдомениот Макс Верстапен секако дека не сум де допаднало на возач со педигрето на Алонсо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ