Алфа Ромео: Џиовинаци не е под притисок

Тимскиот шеф на Алфа Ромео, Фредерик Васур, вели дека Антонио Џиовинаци не е под притисок иако има освоено само 1 поен досега во 2019 година.

Џиовинаци има помешани резултати поради лоша среќа во неколку наврати, а во Силверстон се изврте поради проблем со задниот дел од болидот.

Иако недостатокот на резултати не се негова вина, неговиот единствен поен во Австрија дефинитивно го насочува вниманието кон него.

Мислам дека во квалификациите е добар. Тој е рамен на Кими, само треба да ја смириме ситуацијата. Не сум загрижен, тој ја врши својата работа. Освои поен во Австрија, имаше добра динамика во Силверстон, повторно пред Кими.

Искрено, тој не е под притисок, од гледна точка на тимот или некој друг. Јас ќе бидам трпелив.

За Кими Силверстон беше добра трка. Многу силна и солидна трка, бидејќи тој постојано беше пред некој со ДРС и се справи со ситуацијата. Формата беше ОК, имаше добра борба и го менаџираше тоа многу добро.

Освоивме четири поени, ја зголемивме разликата со ривалите. Немавме совршен викенд, но во таква ситуација ако освоите поени, тоа е добар чекор напред за екипата.

Во Будимпешта ќе имаме подобрувања, а можеби и во Германија. Нема да се подобриме секунда по трка, но ако се подобриме десетинка по трка, јас ќе бидам среќен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ