Америка: Победа за Хамилтон, Титула за Мерцедес

Со својата 62ра победа во кариерата Луис Хамилтон ја донесе 4та шампионска титула во низа за својот тим Мерцедес. Ова беше 75та победа за “сребрените“ и вкупно нивни јубилеен 150ти подиум во историјата.

На второ место со фантастично возење стигна Себастијан Ветел со својот подиум број 97 со кој се изедначува на вечната листа со Фернандо Алонсо на 4то место. Премногу возбудлив последен круг на трката, Макс Верстапен го мина Кими Раиконен за подиум, но по трката доби казна од 5 секунди поради тоа што пресекол свиок и при тоа се здобил со предност, по што финецот дојде до подиум и 2-3 пласман за Скудерија.

На стартниот грид само првите 5 возачи беа на позициите кои ги освоија на вчерашните квалификации, а останатите беа измешани поради казните за промена на делови од моторите. Фелипе Маса беше единствен од првата десеторка на суперсофт гуми во ситуација кога сите беа на ултрасофт, а Паскал Верлејн беше единствен на гридот кој се реши за најтврдата компонента.

Старт од соништата за навивачите на Ферари, Себастијан Ветел тргна фантастично и го превзема првото место на Хамилтон поведувајќи ја трката.

Кими Раиконен загуби позиција од Естебан Окон на стартот, но веќе во вториот круг си го врати 5то место од кое ја почна трката.

Макс Верстапен тргна од 16то место, но веќе во 4от круг дојде до 10то место, односно се најде во поени.

Во 5от круг дојде и првото откажување откако Нико Хулкенберг го паркираше своето Рено во гаражата. Французите набрзо јавија дека проблеми со притисокот на маслото била причина за откажувањето.

Тифозите се радуваа само 6 кругови затоа што штом ДРСот стана дозволен, Хамилтон доста лесно го мина Ветел и го превзема водството, иако во ниту еден момент Себ не му дозволи да се одлепи.

Следниот круг, број 7, беше крај на трката за Паскал Верлејн откако германецот во 7 кругови успеа дури два пати да влезе во бокс. Проблем за возачот на Заубер беше сударот од првиот круг кој го имаше со Кевин Магнусен и го оштети својот болид. Сударот беше испитуван од стјуардите, но никој не доби никаква казна.

Во 10от круг, Макс Верстапен со својот Ред Бул го превзема 6то место минувајќи го Естебан Окон, а да потсетиме, стартуваше од 16то.

Во 13от круг почна серијата менувања пневматици кај водечките. Прв влезе Рикардо кој се возеше на 4то место и силно го напаѓаше Валтери Ботас. Австралијанецот промени на црвени суперсофт, но издржа на патеката само 3 кругови затоа што веќе во 16от круг неговиот рено агрегат испушти душа на негово огромно разочарување затоа што неколку метри претходно постави најбрз круг.

Во 17от круг Ветел промени на софт, два круга подоцна Ботас го стори истото, во 20от круг во гаража беше Хамилтон, а Раиконен тоа го стори во 21от по што Макс Верстапен со своит есуперсофт од почетокот на трката стана нов лидер.

На Луис му требаа само два кругови за да го мине Верстапен, кој пак два круга потоа влезе исто така кај своите механичари и доби нова софт компонента.

Истиот тој круг број 25 се откажа Фернандо Алонсо откако драстично загуби моќ од својот агрегат и преку радиото беше посоветуван веднаш да влезе во гаражата и да ја заврши трката.

Следуваше борба за 6то место. Најпрви Маса беше оспственик на истото и беше напаѓан од Окон и Перез, но мораше во бокс по свежи гуми и ја препушти позицијата. Окон се најде на тоа место, но Перез бараше од тимот да му биде препуштена позицијата затоа што е побрз од својот тимски колега. Во меѓувреме Саинз се приближуваше од позадина и во 34от круг го нападна Серхио Перез и дојде до неговото 7мо место.

Во кругот број 38 по свежи гуми и второ влегување во бокс отиде Макс Верстапен и доби црвено означени суперсофт, а по него истото го направи и Ветел за која ова беше “план Б“. По враќањето на патеката на 5то и 6то место, двајцата возеа по 1-2 секунди побрзо од оние пред нив.

Во меѓувреме, по борба од 15тина кругови Кими Раиконен со ДРС на стартно целната рамнина успеа да го мине Валтери Ботас и да го превземе неговото второ место кое во тие моменти го држеше финецот од Мерцедес.

Ветел и Верстапен напаѓаа и брзо грабеа кон напред од позадина. При едно претекнување на заостанати болиди од страна на Себ, најпрво го мина Ериксон, а потоа и Магнусен, но швеѓанецот сакаше да се “мушне“ заедно со Ферарито и да ќари позиција, тоа не го дозволи Хаас, “затвори врата“ и следуваше судар за кој Маркус доби 5 секунди додадено време.

Во 51от круг Себастијан Ветел со потег за рекламна шпица за Формула 1 го мина Валтери Ботас на првата кривина, влегувајќи во сендвич помеѓу него и заостанатиот Стофел Вандорн.

Следниот круг Ферари број 5 беше пропуштено од Ферари број 7 и Ветел повторно се најде пред Раиконен, видно побрз од него.

Во 52от круг Верстапен го нападна и го мина Ботас во машки дуел од неколку кривни по кој победник излезе младиот холанаѓенц. Ботас по дуелот мораше во пит по свежи гуми откако неговите целосно откажаа и тој се лизгаше по патеката. Сепак финецот имаше доволна предност да промени и да се врати на своето 5то место.

Возбудувања имаше и во последниот 56ти круг од трката. Верстапен доби инструкција дека ќе има само една шанса да го нападне Раиконен, се приближи во неговата ДРС зона, нападна, но финецот се одбрани. Следуваше нов напад на крајот од средниот сектор и Верстапен мина, но сите 4 тркала од неговиот болид беа надвор од патеката и тој доби казна од 5 секунди по крајот од трката.

Верстапен влезе во собаа за задолжително мерење на топ 3 пласираните, но беше вчудоневиден кога по него таму влезе и Раиконен.

Форс Индија повторно имаше двоен пласман во поени со 6то место на Окон и 8то на Перез. Саинз продолжува фантастично и дојде до 7мо место во својата прва трка за Рено. Фелипе Маса стигна до 2 поени и 9то место, а последниот поен го однесе Даниил Квјат за Торо Росо.

Предноста на Луис Хамилтон се зголеми од 59 на 66 поени пред Себастијан Ветел, додека германецот ја зголеми својата позитива во однос на Ботас на 21 поен. Риакрдо остана на 4то место со исто поени како и пред трката, а на 28 поени зад него дојде Кими Раиконен. Верстапен е 6ти со 34 поени зад Кими, Перез и Окон се 7ми и 8ми со 13 поени разлика, Саинз е 9ти и е недостижен за 10от Фелипе Маса.

Кај конструкторите, Мерцедес и теоретски обезбеди титула и во моментов има позитива од 145 поени во однос на Ферари, додека италијанците ја зголемија својата предност во однос на Ред Бул на 92 поени. Форс Индија се 4ти со 147 поени, а Вилијамс зад нив со 66. Со денешните поени на Саинз, Рено се врати на само поен зад Хаас.

[table id=35 /]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ