Америка: 50та победа на Луис Хамилтон

Луис Хамилтон стигна до својата 7ма победа оваа сезона, 4та победа во Остин и најважно, негова 50та јубилејна во Формула 1 кариерата. Победа број 61 за Мерцедес, 16та оваа година, 3та во Тексас и 33та 1-2 победа со што се изедначија со Вилијамс. Нико Розберг задоцни само 4,5 секунди за својот 54ти подиум во кариерата со кој се изедначува со својот шеф Ники Лауда и 22ри пласман на 2ро место во кариерата. Последното место на подиумот му припадна на Даниел Рикардо, негов 17ти подиум во кариерата и 8ми пласман на 3то место.

Преширокиот прв свиок на стартот донесе возбудувања во моментот кога Нико Хулкенберг кој почна како 7ми влета во најголемата гужва и беше закачен од Даниил Квјат при што се удри во Валтери Ботас. Германецот мораше да се откаже од трката уште во првиот круг, русинот Квјат доби 10 секунди, а Ботас доби дупната гума која му ја уништи трката која ја заврши дури на 16то место.

hulk_amerika

На врвот, Рикардо со своите помеки гуми очекувано имаше подобар старт од Мерцедесите и успеа да ги раздвои Луис и Нико, Раиконен го помина Верстапен, а статус кво беше ситуацијата на Себастијан Ветел.

Кругот број 7 беше интересен затоа што 2та болиди на домашниот Хаас се возеа на 11то и 12то место, многу блиску до поени на радост на публиката и целокупната екипа. Сепак, само 10 кругови подоцна Естебан гутиерез се откажа поради проблеми, најверојатно со кочниците. Сепак, Роман Гросжан заврши како 10ти и во Америка донесе поен на американскиот тим.

haas_amerika

Само 8 кругови траеше првата серија на пневматици. Во тој круг Раиконен и рикардо влегоа и своите суперсофт ги променија со жолтите софт гуми. Следниот круг Макс Верстапен, кој почна на софт, повторно стави иста компонента, а два круга подоцна истото го направи и Луис Хамилтон. Но, во 10от круг, Розберг се реши за поинаква стратегија и од софт мина на медиум.

По првата серија менувања трката ја поведе Себастијан Ветел кој се реши за пит дури во 14от круг обидувајќи се на тој начин да го мине Верстапен. Но, холанѓанецот не само што со неколку најбрзи кругови не го дозволи тоа, туку во 13от круг го мина Раиконен и дојде најпрво на 5то, а по влезот на Себ по нови гуми и на 4то место.

max_kimi_amerika

Во 21от круг Џенсон батон го мина Даниил Квјат и додје до топ 10 што беше извонредно ако се земе во предвид дека британецот трката ја започна од последните редови поради испаѓањето во К1 на вчерашните квалификации.

Кругот број 25 донесе изненадување од Ферари. го повлекоа многу рано Кими и му дадоа суперсофт гуми што значеше дека финецот ќе оди со 3 застанувања во боксот. Ова се слуќуваше во момент кога Раиконен беше притискан од другиот болид на Ферари.

Опасност од превземање на позицијата насети и Даниел Рикардо и поради тоа во 26от круг влезе во бокс по нови гуми, овојпат од белата медиум компонента. Макс Верстапен промени во 27от круг, но поради недоразбирање преку радиото, механичарите не беа подготвени што значеше менување од 9,2 секунди за холанѓанецот и губење на тешко стекнатата позиција во борба со Ферари.

max_box_amerika

Кругот број 30 беше кобен за Макс. Моторот во неговиот Ред Бул како да откажа послушност и тој каскашт со едвај 50тина кмч кон боксот притоа комуницирајќи со својата екипа дали нешто може да се стори. Веррстапен немаше сила да се довлечка до боксот и паркираше крај патеката што значеше Виртуелно безбедносно возило од 30от до 33от круг.

max_out_2_amerika

ВБВ им даде шанса на возачите на Мерцедес за бесплатно менување на гуми, како што тоа го окарактеризира Даниел Рикардо.

Кругот број 39 значеше хаварија во Скудерија. Откако го повикаа Кими по нови гуми затоа што неговото темпо паѓаше и тој се губеше зад Рикардо, пиштолот остана во неговото задно десно тркало, така што од безбедносни причини финецот паркираше веднаш по излецот од бокс. Потоа лут го врати болидот “во рикверц“ на безбедно место, но оваа аматерска грешка ги чинеше Ферари позиција во шампионатот бидејќи имаа шанса да намалат голем дел од предноста на Ред Бул. Како капак на се, овој инцдент стјуардите ќе го разгледуваат по трката.

kimi_out_amerika

Трката продолжи мирно се до последните 5 кругови кога почна пеколната борба за 5то место помеѓу Саинз, Маса и Алонсо. Најпрво Маса го стигна Саинз, но беше премногу пасивен, нешто што Фернандо машки го искористи во 52от круг и го мина Фелипе со контакт. Контактот го дупна предниот лев пневматик на Вилијамсот по што бразилецот мораше во бокс пред почетокот на последниот круг, но сепак заврши на 7мо место. Стјуардите објавија дека и ова ќе го разгледуваат по трката.

masa_alo_amerika1

Фернандо не застана туку, напротив, се пушти по Саинз и успеа да му го превземе 5то место во последниот круг откако беше повеќе од очигледно дека гумите на младиот возач на Торо Росо беа дотраени.

Во кругот број 54 Себастијан Ветел и Ферари како да сакаа да докажат дека се брзи. Влегоа во пит и монтираа суперсофт сосема безбедно, незагрозени од никој. Потоа Себ успеа да извози најбрз круг и да има најбрзо време во секој сектор. Германецот заврши на 4то место.

Луис Хамилтон ја намали предноста на Розберг на 26 поени, додека Ветел изби сам на 4то место со 7 поени пред Кими, а 12 пред Макс. Кај конструкторите, Ред Бул ја “појача“ предноста на 53 поени, а Вилијамс се доближи од 10 на 8 поени до Форс Индија.

[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/rezultati-2016-18-amerika.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ