Барселона ги расчисти шпекулациите: Сеуште немаме договор

Одговорните луѓе на автодромот Барселона – Каталуња со пишана изјава ги демантираа шпекулациите околу иднината на Големата награда на Шпанија во Формула 1.

Во моментов тие се под закана дека ќе го загубат своето место на календарот поради тоа што немаат нов договор, а посленда трка согласно тековниот договор беше овогодинешната. Патеката организира Формула 1 трки од 1991 година, но се чини дека 2019 година е последна за шпанците.

Либерти Медиа неколку пати најавија дека во моментов календар со 21 трка е најдобро за спортот, следната година се вклучуваат Виетнам и Холандија, што значи дека два патеки на кои се вози сезонава ќе отпаднат. Освен Барселона, договор со шефовите на спортот немаат и Мексико и Германија.

до сега немаме постигнато договор со формула 1 за обновување на договорот за големата награда на шпанија на патеката барселона – каталуња. преговорите продолжуваат, а ние сме отворени за соработка.

штом ќе постигнеме договор, без разлика дали тоа ќе значи остнаување или заминување од формула 1 календарот, официјално ќе го објавиме тоа – изјавуваат од автодромот.

Во ист овреме патеката беше секогаш користена за зимските тестови во Март, а сопствениците изразија подготвеност за одржување на тестовите во иднина доколку останат дел од календарот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ