Белата стартна линија виновна за лошиот почеток на Ботас

Валтери Ботас откри дека линијата која го означува почетокот и крајот на трката, обоена со бела боја на асфалтот, е виновноа за тоа што тркалата му “вртеле во празно“ и загубил позиција од Луис Хамилтон на стартот на Кинеското Гранд При.

Првично финецот добро тргна од првото место пред да има неочекувано “шлајфување“ во празно во периодот кога требаше да забрза по што загуби позиција која до крајот на трката не успеа да ја поврати.

Во својата изјава по трката, Валтери откри дека моментот на старто бил оној кој го решил победникот во Шангај.

мислам дека дефинитивно стартот ја одлучи трката. болидот беше добар, а ритамот ми беше сличен со ној на Луис. за време на првата серија во нечист воздух зад него, не можев соодветно да го следам.

штета за стартот, имав вртење на тркалата во празно кога минував над стартно целната линија која беше веднаш пред боксот од кој тргнав така што загуби време и брзина токму таму – појасни ботас.

Иако разочаран што таква ситница го чинела победа, Ботас изјави дека има многу причини Мерцедес да се охрабрени по третата последователна 1-2 победа за тимот.

на почетокто на сезоната битни се малите и ситни детали, но работите кај нас изгледаат одлично. горд сум на сите во тимот по трите совршени викенди што е добар знак.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ