Белгија – Нова 1-2 за “сребрената стрела“

Победа број 39 во кариерата на Луис Хамилтон и негов јубилеен 80ти подиум. Нико Розберг со пласман на второто место, а херој на денот, Роман Гросжан со свој прв подиум по пауза од две години (беше трет во Октомври 2013 година во САД).

hulkenberg_start

Атмосверата стана жешка уште пред семафорот да го ознаи почетокот на трката. На загревачкиот круг, Нико Хулкенберг се пожали на проблеми со електрониката, а во текот на формацискиот круг му беше кажано да влезе во бокс и од таму да ја почне трката. Но, пред крајот на кругот, му беше сугерирано да стартува како и сите останати – нешто што се покажа како грешно, бидејќи неговиот Форс Индија Мерцедес се закова на стартно-целната рамнина што значеше дека ќе има нов формациски круг.

start_abort

И вториот загревачки круг донесе возбудувања, затоа што проблеми повторно имаше, но кај Карлос Сајнз кој ја загуби моќта од моторот и мораше да стартува од бокс, два круга откако стартуваа останатите. Шпанецот се соочуваше со проблеми се до 4от круг кгоа механичарите му сугерираа да “згази“, но тоа траеше до 36от круг кога Карлос ја заврши трката.

start2

Новите стартни процедури донесоа промени. Луис по првите 5 свиоци едвај ја задржа првата позиција бидејќи беше напаѓан од катапултираниот Перез. Нико едвај успеа да дојде до 5то место, Ветел доби 4 позиции на стартот, а одлично почна и Роман Гросжан.

oruz_hamilton_perez

Пастор Малдонадо комплетираше 5 кругови, но не поради судар, туку забележа откажување од техничка природа.

Одлично отварање на трката имаше младиот Макс Верстапен кој стартуваше од опашката поради промена на мотор, а до 5от круг веќе влезе во борба за поени, односно во топ10. “Домашниот“ возач се бореше и претекнуваше “машки“ во текот на целата трка за да на крајот заврши во поени со пласман на 8мо место.

botas_groszan_kvjat

Двајца од првите тројца возачи многу рано се решија за промена на пневматици, Даниел Рикардо застана во 8от круг додека се наоѓаше на 3то место, додека агресивниот Серхио Перез влезе еден круг подоцна од2та позиција.

Дека ќе има страшна трка Роман Гросжан најави уште на почетокот, прелетувајќи го Валтери Ботас во 8от круг во борба за 5то место.

Менување на пневматици за возачите од првата 10ка освен оние на Мерцедес се случи во 10от круг, но и една кардинална грешка. Имено, на болидот на Валтери Ботас, механичарите на Вилијамс монтираа 3 гуми од меката компонента, а само задниот десен пневматика од медиум компоненета. За оваа глупост, Ботас беше казнет со минување низ боксот.

botas_razlicni_gumi

Еден круг подоцна, на ултра брзиот Бланшимонт, Верстапен во еден дуел со Наср покажа зошто е иднината на Формула 1. Холанѓанецот возеше гума до гума со Зауберот, од надворешна страна, со пола болид надвор од патеката и успеа да мине на кочење пред шиканата.

Следниот круг сила доби и Перез и го мина Ред Булот на Даниел Рикардо за 4то место во тие моменти.

13от и 14от круг на менување гуми влегоа болидите на Мерцедес. Нико промени за 2,9, а Луис за 2,4. Нико профитираше и успеа да дојде на 2то место минувајќи ги преку бокс Перез и Рикардо. Круг подоцна во бокс од тогаш водечката позиција влезе и Себастијан Ветел, смени гуми за 2,5 секунди во единственото влегување во боксот согласно стратегијата на Скудерија Ферари.

Овие моменти од трката му припаднаа на французинот Гросжан. Во 18от круг најпрвин го мина Даниел Рикардо за 4то место, а два круга подоцна и Серхио Перез и дојде до 3то место.

Кругот број 21 донесе ново возбудување. Проблеми со палката за менување на брзини го паркираше Даниел Рикардо на стартно целната рамнина во момент кога навистина имаше брзина. Ова значеше виртуелно безбедносно возило и момент кога многу возачи се одлучија по втор пат да ги посетат своите механичари.

rikardo_out

Во 31от и 32от круг за последен пат во бокс влегоа и возачите на Мерцедес.

rozberg_boks

Крајот на трката му припадна на Даниил Квјат. Откако на 10тина кругови пред крајот влезе во бокс по нови меки гуми, русинот “газеше“ пред себе. Во 37от круг го мина Кими Раиконен за 7мо место, три кругови подоцна и Фелипе Маса за 6то, а во 41от круг дојде до 5то место по претекнувањето над Серхио Перез.

raikonen_massa

Последните 5 кругови Роман Гросжан се доближи на пола секунда од Себастијан Ветел кој беше на трето место, но се чинеше дека германецот ја имаше апсолутната контрола врз ситуацијата и не му даде никаква шанса на Роман да помине. Но, коцката на Ферари со едно влегување во боксот зема жртва. Два круга пред крајот, на правецот Кернел, задниот десен пневматик на Себ се распрсна на сите страни и му донесе подиум на Гросжан. Себ заврши надвор од бодови за прв пат по 21 трка.

vetel_guma2

Трка број 900 за Скудерија Ферари за заборав. Трка број 150 за Ветел за непаметење. Славје во Мерцедес и Лотус, но и Ред Бул станува силен и константен. Следна трка – Монца. Победа во Италија и во Маранело ќе заборават се.

belgija_trka_rezultati

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ